Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Американски контрактор формира тајна армија во пустината

Платеничката армија предводена од САД ја формирал милијардерот Ерик Принс

АБУ ДАБИ – Една вечер во ноември минатата година, авион во кој имаше десетина Колумбијци слета во овој сјаен главен град во близина на морскиот брег. Поминаа покрај царината со помош на разузнавач на Обединетите Арапски Емирати, и групата се качи во неодбележан автобус и се упати кон воениот комплекс во пустината.

Колумбијците влегоа во ОАЕ како градежни работници. Всушност, тие се војници за тајната платеничка армија предводена од САД која ја формира милијардерот Ерик Принс, основач на „Блеквотер ворлдвајд“, со 529 милиони долари од „полниот“ со нафта шеик.

Принс, кој се досели тука минатата година откако неговиот бизнис во секторот безбедност се соочи со големи правни проблеми во САД, беше ангажиран од престолонаследникот на Абу Даби да формира баталјон од 800 странски војници за Обединетите Арапски Емирати, според поранешни вработени во проектот, американски официјални лица и корпорациски документи до кои успеа да дојде „Њујорк тајмс“.

Единицата има цел да спроведува специјални операции внатре и надвор од земјата, да ги обезбедува нафтоводите и висококатниците од терористички напади и да задушува внатрешни нереди, покажуваат документите. Таквите сили би можеле да бидат распоредени ако Емиратите се соочат со безредија или бидат предизвикани од продемократски демонстрации во нивните преполни работнички кампови или демократски протести како оние што годинава се случуваат низ арапскиот свет.

Во обезбедување на критичните делови од нивната одбрана за пластениците - наемници за средновековни кралеви, италијански ренесансни кнезови и африкански диктатори - жителите на Емиратите почнаа нова ера во военото најмување што почна по 11-септемвриските напади во 2001. И потпирајќи се врз сила која во голема мера е формирана од Американци, тие претставија непостојан нов елемент во веќе невралгичниот регион каде кон САД во голема мера се гледа со сомневање.

Обединетите Арапски Емирати - автократија со призрак на прогресивна, модерна држава - се тесно поврзани со САД, и американски официјални лица посочуваат дека програмата за формирање на баталјон има одредена поддршка во Вашингтон. „Заливските земји, и особено ОАЕ, немаат големо воено искуство. Логично е ако побараат помош надвор од нивните граници“, изјави еден официјален претставник на администрацијата на Обама запознат со операцијата. „Тие можеби сакаат да покажат дека се некои со кои не треба да се задевате“.

Сепак, не е јасно дали проектот го има и официјалниот благослов од САД. Правни експерти и владини официјални претставници посочија дека некои од оние кои се инволвирани во формирањето на баталјонот најверојатно кршат одредени закони со кои им се забранува на американски државјани да обучуваат странски сили ако тие не обезбедат лиценца од американскиот Стејт департмент.

За Принс, формирањето на странскиот баталјон е храбар обид за реинвенција. Тој се надева дека ќе создаде нова империја во пустината, далеку од адвокатите, конгресните иследници или официјални претставници на Министерството за правда, за кои е убеден дека соработуваат со цел да ја извалкаат „Блеквотер“ како несовесна. Тој минатата година ја продаде компанијата, но во април американскиот Апелационен суд повторно го отвори случајот против четворица вработени во „Блеквотер“ обвинети за убиство на 17 ирачки цивили во Багдад во 2007 година.

Во обид да ги исполни своите амбиции, новата компанија на Принс „Рефлекс риспонсис“ обезбеди друг повеќемилионски договор за заштита на серија планирани нуклеарки и да обезбеди сајбер сигурност. Тој се надева дека ќе заработи милијарди, откриваат поранешни вработени, со создавање на други баталјони со латиноамерикански војници за Емиратите и отворање на огромен комплекс каде неговата компанија ќе може да обучува сили за други влади.

Во пролетта во 2010 година, додека келнери во лобито на хотелот „Парк Арџан“ се разминуваа носејќи турско кафе, мал тим од ветерани од редовите на „Блеквотер“ и американската армија, ги разгледуваа плановите за формирање странски баталјон.

Принс го направи договорот со шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахијан престолонаследникот на Абу Даби и де факто владетел на Обединетите Арапски Емирати. Овие двајца веќе неколку години се познаваат и идејата е на принцот да се формира странска специјална единица.

Тимот во хотелското лоби беше предводен од Рики Чемберс, познат како С.Т, поранешен агент на ФБИ кој работи за Принс неколку години; до неодамна ја предводеше програмата за обука на авганистански сили за „Паравант“, подружницата на „Блеквотер“.

Тој е меѓу десетината или нешто повеќе Американци кои ќе бидат топ менаџери на проектот и ќе добиваат речиси 300.000 долари годишно како обештетување. Чемберс и Принс набрзо почнаа со тивко намамување на американските конрактори од Авганистан, Ирак и други опасни места со плати кои изнесуваат повеќе од 200.000 долари годишно, според документот за буџетот. Чемберс не одговори на барањата за коментар.

Тој и Принс, исто така, почнаа да трагаат по војници. Тие и се обратија на „Тор Глобал Ентерпрајсис“, компанија на Карипскиот Остров Тортола специјализирана за „ангажирање на странски воени лица во приватни безбедносни компании во прекуокеански земји“ според договорот потпишан во мај минатата година. На регрутите ќе им се плаќа по 150 долари дневно.

Официјални претставници на армијата на Емиратите ветија дека ако овој прв баталјон се покаже како успешен ќе платат за формирање на цела бригада од неколку илјади војници. Новите договори ќе чинат милијарди долари, и ќе му помогнат на Принс во следниот голем проект: комплекс за обука на странски сили во пустината, по модел на комплексот на ’Блеквотер‘“ во Мојок, Северна Каролина. Но, пред да одат чекор понатаму официјалните лица инсистираат на тоа дека баталјонот треба да се покаже „во мисија во вистинскиот свет“. Тоа допрва треба да се случи. (Интернешенал хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 954 пати.

Испрати коментар

Од: BORIS
Датум: 01.07.2011 23:06:01
arapskiot amaret tolku izgubile poverene vo svojot sopstven NAROD i sega moraat da ANGAZIRAAT SVETSKI TERORISTI da gi STITAT od revolucija koja gi ceka vo idnina.

Најди! во Утрински
Свет
Атина – ден потоа
Каква ЕУ замислувал Роберт Шуман
Велика Британија блокирана од штрајк
Огромна статуа на Исус Христос во Перу
Мишел го напушта Обама?
Франција ги вооружува либиските бунтовници

"""