Убијците на Зоран Ѓинѓиќ се кријат во Албанија
Тирана - Убијците на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ се кријат во Албанија. Двајцата најголеми криминалци од земунскиот клан, Сретко Калиниќ и Милош Симовиќ, се кријат на албанска територија, но и во Република Српска и во Црна Гора, пренесува албанската агенција Балкан веб, повикувајќи се на весникот „Прес“ на Република Српска.
Според весникот, доверлив српски висок полициски функционер изјавил дека тие многу често и многу брзо го менуваат местото на престој и оти во овие земји живеат спокојно, бидејќи ги заштитуваат и поддржуваат локалните мафијашки групи. Тие се добро вооружени и претставуваат опасност за да се интервенира. (МИА) |