Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Пилотите пријавија проблем пред летот што заврши трагично

Авионот се нишаше од едната на другата страна, вели Лихија Паломино, која се здоби само со полесни повреди

МАДРИД - Ќе бидат потребни ДНК-тестови за да се идентификуваат повеќето од 153-те жртви во авионската несреќа што се случи во средата на аеродромот во Мадрид, соопштија шпанските власти. Заменик-премиерот Марија Тереза Фернандез де ла Вега изјави дека експертите досега биле во можност да идентификуваат само 59 лица со анализа на отпечатоци на прсти. Авионската несреќа во која авионот што требаше да полета се запали излетувајќи од пистата е најтешка несреќа во Шпанија во последните 25 години. Вчера беа одржани молитви за починатите.

Ќе поминат неколку недели, а можеби и месеци пред да се дознае вистината за тоа што ја предизвика несреќата, јави дописникот на Би-Би-Си од Мадрид. Големи критики се упатуваа на сметка на операторот на летот „Спанер“, но моментно има малку докази што можат да ги поткрепат тие обвиненија. Се' додека не биде анализирана содржината на црните кутии, последните минути од летот остануваат мистерија.

Останките на загинатите се однесени во мртовечницата во конгресниот центар Ифема во Мадрид, кој беше користен и за жртвите во мадридските бомбашки напади врз железницата што се случија во 2004 година. „Врз сите загинати ќе биде извршена обдукција“, изјави Фернандез де ла Вега. „Истражната комисија напорно работи и соработува со странски експерти“. Од преживеаните на летот ЈК 5022 на „Спанер“ неколкумина се' уште се во критична состојба. Четворица се во многу сериозна состојба, а другите се посочени како сериозни, објавија шпанските медиуми. Според шпанската новинска агенција Ефе, петмина од шестемина посочени како сериозни случаи во четвртокот покажаа знаци на подобрување. Осуммина од повредените остануваат на набљудување, а еден е полесно повреден, открија медиумите.

Мачни приказни за несреќата доаѓаат од преживеаните. „Авионот се нишаше од едната на другата страна“, вели Лихија Паломино, која се здоби само со повреди на нозете и исеченици на лицето. „Не знам што се случи потоа. Видов луѓе, чад, експлозии - мислам дека тоа и ме разбуди, бидејќи бев онесвестена. Ја кренав главата и се' што можев да видам беа расфрлани тела“, додава 41-годишната докторка. „Помислив дека ако наскоро не дојде помош, ќе умрам“.

Според „Спанер“, која го објави и официјалниот список со патници, две бебиња и 20 деца беа во авионот, кој леташе на релација Мадрид - Лас Палмас на Канарските Острови. Три деца ја преживеаја несреќата. Деветнаесетмина странци од најмалку 11 земји биле во авионот, обелоденија шпанските власти. И тоа од Германија, Франција, Шведска, Мавританија, Турција, Бразил, Индонезија, Бугарија, Италија, Колумбија и Г��мбија.

Шпанскиот врв во четвртокот се сретна со роднините на загинатите, кога и беше прогласена тридневна жалост.

Авионот на „Спанер“ за Лас Палмас на Канарските Острови полета во средата околу пладне со 172 патници, вклучувајќи и 10 членови на екипажот. Првичните информации сугерираат дека избувнал пожар во еден од моторите на авионот од типот МД-82 за време на полетувањето или кратко време потоа и авионот завршил во поле. Шпанската министерка за транспорт Магдалена Алварез изјави дека авионот претходно почнал да се мести за тргнување на пистата, пред да се врати поради технички проблеми, кои и беа причината за едночасовното одложување на полетувањето. Пилотите пријавиле проблеми со апаратот што ја мери температурата, објавија шпанските медиуми, но се посочува дека тоа било поправено пред полетувањето. Алварез во четвртокот изјави дека ќе биде спроведена темелна истрага, со комплетно прегледување на црните кутии и достапните слики, но премногу е рано да се излегува со заклучоци во врска со несреќата. Авионот што се урна беше стар 15 години,од типот „мекдонел даглас МД-82“, кој претходно бил во сопственост и користен од „Коријан ер“. Информациите се дека редовно бил сервисиран и бил прогласен за способен за летање. МД-82 е познат како приспособлив и доверлив авион и моментно низ светот летаат околу 432 такви авиони, објави Ефе. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 540 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Израел ја поместува маршрутата на ѕидот
Убијците на Зоран Ѓинѓиќ се кријат во Албанија
Русите ги отстрануваат пунктовите
Советот за безбедност на ОН во пат-позиција поради Грузија
Сакаат да ја истераат Јулија Тимошенко
Животот е убав во сиромашниот кварт во Најроби, вели полу-братот на Барак Обама
Многу тага и прашања по смртта на француските војници

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.