Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Советот за безбедност на ОН во пат-позиција поради Грузија

ЊУЈОРК - Советот за безбедност на ОН е доведен во пат-позиција околу ситуацијата во Грузија, бидејќи САД и Русија ги отфрлаат резолуциите за кризата. Вашингтон соопшти дека е подготвен да стави вето на руската резолуција, барајќи имплементација на планот за прекин на огнот во шест точки. Русија го повтори своето противење на ривалскиот француски текст со кој се потврдува територијалниот интегритет на Грузија. Русите посочија дека нивните војници ќе ја напуштат Грузија, но 500 ќе останат во „тампон-зоната“ околу Јужна Осетија.

Во меѓувреме, портпаролката на НАТО изјави дека руското Министерство за одбрана донело одлука да ја сопре воената соработка со Алијансата во знак на протест, како што Москва го нарекува, на пристрасниот и прогрузиски став околу конфликтот. Потегот од Москва уследи по соопштението од НАТО дека „нема работите да се одвиваат како и обично“ со Москва доколку нејзините војници не се повлечат од Грузија. Портпаролот на Белата куќа изјави дека претседателот Џорџ Буш очекува Русија „да го почитува договорот за повлекување на силите“.

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили за Би-Би-Си изјави дека Русите се' уште го зацврстуваат своето присуство во делови на неговата земја и повторно ги обвини дека се обидуваат да ја парализираат грузиската економија.

Нема знаци за постигнување договор околу ривалските резолуции, едната поддржана од Русија, а другата од западноевропските земји и САД, јави дописничката на Би-Би-Си од Њујорк. Франција во вторникот пушти да кружи нацрт-резолуција во која се повикува на моментално руско повлекување од земјата и потврдување на територијалниот интегритет на Грузија. Русија ја отфрла, бидејќи посочува дека отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија сакаат независност. Москва, пак, пушти во оптек своја нацрт-резолуција во која го повикува Советот за безбедност да го поддржи мировниот план во шест точки, посредуван од Франција, и за кој дадоа согласност и Москва и Тбилиси.

„Нашата нацрт-резолуција е повторно потврдување на договорот во шест точки, а во шестте начела нема територијален интегритет“, изјави рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин. Сега рускиот амбасадор изјави дека неговата резолуција е во финалната форма и може да се гласа за неа. Но, САД и нивните сојузници инсистираат на тоа дека Русија не го почитува планот за прекин на огнот, бидејќи доволно брзо не се повлекува од Грузија. Американскиот заменик-амбасадор во ОН, Алехандро Волф, изјави дека со оглед на околностите тој верува дека Америка ќе биде подготвена да се спротивстави на руската резолуција.

Командантот на руските копнени сили, генерал Владимир Болдирев, изјави дека за време на викендов сите руски борбени единици ќе се повлечат од Грузија кон Јужна Осетија. Повеќето од војниците кои беа испратен�� во регионот како засилување ќе се вратат од Јужна Осетија во Русија во следните десет дена, додаде тој. Меѓутоа, Москва ќе задржи 500 мировници во безбедносната зона која се протега седум километри по граничната линија на Јужна Осетија, во Грузија, потег што Тбилиси посочи дека е неприфатлив.


Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Израел ја поместува маршрутата на ѕидот
Убијците на Зоран Ѓинѓиќ се кријат во Албанија
Пилотите пријавија проблем пред летот што заврши трагично
Русите ги отстрануваат пунктовите
Сакаат да ја истераат Јулија Тимошенко
Животот е убав во сиромашниот кварт во Најроби, вели полу-братот на Барак Обама
Многу тага и прашања по смртта на француските војници

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.