Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Израел ја поместува маршрутата на ѕидот

Палестинците ќе добијат околу 400 хектари територија

ГАЗА - Израел се согласи да ја промени маршрутата на контроверзниот ѕид што се гради во и околу Западниот Брег. Со постигнатиот договор ќе им се остави повеќе земја на Палестинците во близина на најголемата израелска населба Маале Адумим. Одлуката дојде како одговор на жалбите поднесени од Палестинците до израелскиот Врховен суд. Израелската влада соопшти дека ќе го премести ѕидот поблизу до населбата, со што ќе дозволи 400 хектари палестинска територија да остане недопрена. Маале Адумим е изградена на земја за која Палестинците имаат претензии за формирање на идната држава и како и сите населби се смета за нелегална според меѓународното право, иако Израел го отфрла тоа.

Палестинците посочуваат дека ѕидот го повредува нивното право на слободно движење и им одзема територија, додека, пак, Израел е на ставот дека е потребен за да се сопрат милитантните напади. Израел во 2002 година почна со изградба на ѕидот во Западниот Брег. Тој во голема мера беше критикуван од страна на меѓународната заедница поради опколувањето на палестинските области околу израелските населби, наместо да ја следи зелената линија која ја претставува границата што го разделува Израел од Западниот Брег. Меѓународниот суд на правдата во 2004 година донесе одлука дека ѕидот е нелегален онаму каде што навлегува во Западниот Брег и побара да биде урнат. Израелската влада спроведе само две од петте промени на маршрутата кои беа наредени од страна на Врховниот суд. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 308 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Убијците на Зоран Ѓинѓиќ се кријат во Албанија
Пилотите пријавија проблем пред летот што заврши трагично
Русите ги отстрануваат пунктовите
Советот за безбедност на ОН во пат-позиција поради Грузија
Сакаат да ја истераат Јулија Тимошенко
Животот е убав во сиромашниот кварт во Најроби, вели полу-братот на Барак Обама
Многу тага и прашања по смртта на француските војници

Соопш��ение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.