Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Сакаат да ја истераат Јулија Тимошенко

Била пасивна и не ја напаѓала Русија за време на војната во Грузија

МОСКВА - Големата афера со обвинување на актуелната премиерка Јулија Тимошенко дека е државен предавник доби и второ продолжение. Вршителот на должноста претседател на Службата за безбедност на Украина, Валентин Наливајченко, им соопшти на новинарите дека материјалите што ги добил од Секретаријатот на претседателот на државата содржат „седум доста сериозни позиции од сферата на националната безбедност на државата“. Наливајченко потврди дека полицијата почнала да ја истражува вистинитоста на материјалот. Тие се однесуваат на безбедноста на земјата, потоа на енергетската безбедност и друго. Украинските закони не го ограничуваат времето до кога мора да се завршат полициските проверки. Од сето тоа се стекнува впечаток дека претседателот Јушченко има намера да ја компромитира „убавата Јулија“, а потоа да ја тргне од премиерската фотелја.

Луѓе од претседателската администрација ја обвинија Јулија Тимошенко за политичка корупција, како и за тоа дека намерно била пасивна и не ја напаѓала Русија за време на војната во Грузија, бидејќи наводно Москва и' ветила помош на претстојните претседателски избори.

Интересно е и тоа што токму во времето на излегување на аферата највлијателниот и најугледен украински неделник „Кореспондент“ објави топ-листа на највлијателни домашни политичари за 2008 година. На прво место годинава се најде токму Јулија Тимошенко. Ранг-листата се прави врз основа на популарноста и влијанието на политичарот во Украина. Угледниот неделник оценува дека претседателот Виктор Јушченко го загубил кредитот на доверба што го имал кај народот. Лидерот на Региони на Украина, Виктор Јанукович, бил премногу пасивен.

Кога се знае дека во сите словенски земји народот по автоматизам е наклонет кон оние што имаат ореол на „политички маченик“, администрацијата на украинскиот претседател Јушченко како да е платена да работи во корист на Јулија Тимошенко, која по споменатата афера има уште поголеми шанси да стане претседател на државата и со леснотија да го победи Јушченко. Во времето на Леонид Кучма, Јулија Тимошенко кратко време беше во затвор, но тоа не ја компромитираше, туку само и' донесе нови гласови. (Б.В.)


Статијата е прочитана 609 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Израел ја поместува маршрутата на ѕидот
Убијците на Зоран Ѓинѓиќ се кријат во Албанија
Пилотите пријавија проблем пред летот што заврши трагично
Русите ги отстрануваат пунктовите
Советот за безбедност на ОН во пат-позиција поради Грузија
Животот е убав во сиромашниот кварт во Најроби, вели полу-братот на Барак Обама
Многу тага и прашања по смртта на француските војници

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.