Швеѓанка била девет години заточеник на својот партнер
СТОКХОЛМ - Една Швеѓанка девет години била затворена во мала куќа од страна на нејзиниот партнер, објави еден шведски весник. Жената која е на возраст од 68 години, е сериозно болна и тежи помалку од 40 кг, е однесена во болница. Нејзиниот партнер е уапсен и обвинет за прекршоци поврзани со нејзиното затворање. Полицијата одби да излезе со дополнителни информации додека не се случи судското сослушување во Ексјо, во јужниот регион Смаланд. Ова сторија беше објавена во весникот Смаландс-Тиднинген и националниот дневник „Свенска дагбладет“. Иако полицијата не откри детали, во барањето на јавното правобранителство се внесени информации кои сугерираат дека жената најверојатно била затворена девет години, објави Смаландс-Тиднинген. Уште се додава дека мажот, исто така на возраст од шеесетина години, првично бил под истрага за наводна злоставување на партнерката. Полицијата ги интервјуираше сведоците и потоа го приведе човекот за испрашување. Се посочува дека наводните прекршоци се случиле во близина на Ексјо. (Би-Би-Си) |