Број 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Саркози фингира блискоисточен мир

Францускиот претседател се сретнува со лидерите на Сирија, Турција и Катар

ДАМАСК - Францускиот претседател Никола Саркози ќе се сретне со лидерите на Сирија, Турција и Катар во обидот да се зајакнат напорите за постигнување мир на Блискиот Исток. Саркози е во дводневна посета на Дамаск, која има за цел да ги зацементира повторно оживеаните врски меѓу Франција и Сирија. Франција, која во моментов го има ротирачкото претседателствување со ЕУ, се надева дека ќе помогне во напорите за посредување мир на Блискиот Исток.

Сирискиот претседател изјави дека „самитот за стабилност“ ќе ја постави основата за евентуални директни разговори со Израел. „На самитот ќе се направи обид да се формулира декларација за принципите што ќе ја формираат основата за директни мировни разговори меѓу Сирија и Израел“, изјави Башар ал-Асад. На сесијата беше и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, чијашто земја од мај беше медијатор на последните четири рудни индиректни разговори меѓу Израел и Сирија. Четвртото место на масата го зазеде емирот од Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани и неговиот премиер Хамад бин Јасим ал Тани, кој помогна во посредувањето на внатрешниот мировен договор во Либан, исто така во мај. Директни израелско-сириски преговори, кога во фокусот на вниманието беше судбината на Голанската висорамнина окупирана од Израел - за последен пат се одржаа во 2000 година под покровителство на САД. Асад изјави дека Сирија ја чека „петата круцијална рунда разговори...за да ја утврди еволуцијата на овие преговори“, но процесот беше ставен на чекање поради политичките промени во Израел. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт, чијшто мандат е погоден од скандали, обелодени дека ќе се повлече, а неговата партија Кадима на 17 септември одржува избори за нов лидер, кој би можел да стане следниот премиер. (Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 285 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Чејни со појас за спасување на Украина
Мекејн официјално стана републикански кандидат за претседател
Данска и Германија ќе се поврзат со мост
Во Етиопија 4,6 милиони луѓе ќе умрат од глад
Кондолиза Рајс во „историска“ посета на Либија
Британската кралица ќе ја посети Словенија
Швеѓанка била девет години заточеник на својот партнер
Спасена по сигнал од 6.000 километри
Карабиниери го уапсиле Путин?
Грчки анархисти делеле храна од супермаркет