Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Чејни со појас за спасување на Украина

Доаѓањето на Чејни во Киев многумина во Украина го сфатија како знак на поддршка за претседателот Виктор Јушченко

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ



МОСКВА - Иако во разговорот меѓу потпретседателот на САД, Дик Чејни и неговиот домаќин во Киев, Виктор Јушченко најмногу стана збор за судирот меѓу Грузија и Русија, како и ситуацијата во целиот регион, за украинскиот претседател, всушност, беше најважно што уште еднаш доби американска поддршка. Чејни рече дека Вашингтон ја поддржува идејата Украина да стане членка на НАТО и додаде дека ниту една земја не може да му диктира на Киев дали ќе биде членка на некој воен сојуз. Сосема е јасно дека алузијата на Чејни се однесуваше на Русија, бидејќи токму од Москва овие денови неколку пати беше кажано дека сите социолошки истражувања во Украина покажуваат дека мнозинството од народот не сака во НАТО.

„Руската Црноморска флота претставува опасност за Украина“, изјави вчера претседателот на Украина по разговорот со американскиот потпретседател Дик Чејни. Јушченко ја повтори веќе изречената оцена дека раководството на Украина смета оти Русија од Крим тргнува со свои бродови во судири со други држави, односно Грузија. Според државниот договор, Русија може да ги користи базите на Крим до 2017 година.

Освен поддршката за влез во НАТО, Чејни рече дека „блиските стратегиски односи меѓу Украина и САД се во интерес на двете земји“. Чејни одвоено разговараше не само со Јушченко, туку и со премиерката Јулија Тимошенко. Иако нема информации дали Чејни разговарал со нив за политичката криза во Украина, многумина сметаат дека доаѓањето на американскиот потпретседател сликовито кажано е „појас за политичко спасување“ на претседателот Јушченко, кој има се помалку приврзаници.

Веднаш по завршувањето на разговорите со Чејни, Јушченко јавно и' постави ултиматум на Јулија Тимошенко. Бараше таа јавно да ја обвини Русија „поради агресија на Грузија“, но и да ги укине законите кои се донесени овие денови, а со кои се зголемува улогата на премиерот и се намалува улогата на претседателот на државата.

Главна тема во Украина и понатаму е распаѓањето на владеачката коалиција. Во војната меѓу претседателот и премиерката повеќето Украинци како победник ја гледаат Јулија Тимошенко. Во прв план повторно доаѓа поранешниот премиер и лидер на Украински региони, Виктор Јанукович, без чии гласови во овој момент кој и да сака не може да состави нова коалиција .

Од блокот на Јулија Тимошенко сега стигнуваат предлози наесен истовремено да се одржат избори не само за парламент, туку и за нов претседател на Украина. Претседателските избори би требало да се одржат дури по нешто повеќе од една година, но сегашната криза ја разниша фотелјата на Виктор Јушченко. Нему му се забележува дека ќе биде запаметен по три распуштања на парламентот.

Украинската Рада вчера му се обрати на претседателот Виктор Јушченко со барање да го смени Виктор Балога сегашен раководител на претседателскиот секретаријат. Балога е главен ривал против Јулија Тимошенко, па приврзаниците на убавата Јулија сметаат дека токму тој го наговара претседателот Јушченко јавно да ја напаѓа премиерката.

 


Статијата е прочитана 473 пати.

Испрати коментар

Од: dimitar
Датум: 06.09.2008 16:10:36
Абе каде со тој памет, западниот шпион Јушченко. Падна теоријата на западот дека Славјаните со цевчиња го изоделе Дунав, односно се докажа дека сме автохони на својата територија. Сега треба еден сојуз да направиме од Олимп до Аљаска и се останато (поточно западно) нека оди по ѓаволите.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Мекејн официјално стана републикански кандидат за претседател
Данска и Германија ќе се поврзат со мост
Саркози фингира блискоисточен мир
Во Етиопија 4,6 милиони луѓе ќе умрат од глад
Кондолиза Рајс во „историска“ посета на Либија
Британската кралица ќе ја посети Словенија
Швеѓанка била девет години заточеник на својот партнер
Спасена по сигнал од 6.000 километри
Карабиниери го уапсиле Путин?
Грчки анархисти делеле храна од супермаркет

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.