Британската кралица ќе ја посети Словенија
ЛОНДОН - Британската кралицата планира првпат да ги посети Словенија и Словачка, јави портпарол на Бакингемската палата. Почнувајќи од 21 октомври таа, заедно со војводата од Единбург ќе помине два дена во Словенија, по покана на претседателот Данило Турк. Потоа, тие ќе отпатуваат за Словачка, поранешна Чешкословачка, каде што ќе се состане со претседателот Иван Гаспарович.
Принцот од Велс ја посети Словенија, поранешна република на Југославија, во 1998 година, и Словачка во 2000 година. Војводата од Јорк, исто така, ги посетил двете земји. (Би-Би-Си) |