Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Во Етиопија 4,6 милиони луѓе ќе умрат од глад

Три милиони деца може да умрат од глад и разни болести по намалениот прилив на донации од меѓународната заедница

НаJроби - Повеќе од 14 милиони жители на неколку држави од Рогот на Африка се загрозени поради хронична неисхранетост и болести, а најтешка е ситуацијата во Етиопија каде што животите на околу 4,6 милиони луѓе се доведени во прашање поради недостиг од храна, предупреди УНИЦЕФ.

Организацијата соопшти дека постои стравување дека околу три милиони деца може да умрат од глад и разни болести по намалениот прилив на донации од меѓународната заедница.

Најтешко им е на жителите на Етиопија, Сомалија, Еритреја, кенија, Уганда и Џибути, а проценките се дека ситуацијата може да се влоши, предупреди фондот  на ОН за грижа на децата.  

- Доколку не се преземат акции и помошта не стигне наскоро, кризата ќе има несогледливи последици за тие луѓе, изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ за источна и југоисточна Африка, Пер Енгебек.

Тој додаде дека освен намалениот квантум помош посебен проблем за доставување хуманитарна помош претставуваат бунтовниците кои ги напаѓаат хуманитарните работници.

УНИЦЕФ предупредува дека 75.000 деца ќе умрат од глад доколку итно не земат терапија. Фондот стравува дека наскоро бројот на загрозени лица ќе биде уште поголем. (МИА)

 


Статијата е прочитана 216 пати.

Испрати коментар

Од: mario
Датум: 06.09.2008 19:47:51
navistina e zalno sto im se slucuva na lugeto vo Afrika,no nikoj ne moze da im pomogne ako samite ne se svestat. Ako ne pravat tolku deca ke nemaat potreba od tolku hrana.Pomosta nikogas nema da e dovolna ako ne se obrazuvaat malku.Nejkam nikoj da me svati pogresno.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Чејни со појас за спасување на Украина
Мекејн официјално стана републикански кандидат за претседател
Данска и Германија ќе се поврзат со мост
Саркози фингира блискоисточен мир
Кондолиза Рајс во „историска“ посета на Либија
Британската кралица ќе ја посети Словенија
Швеѓанка била девет години заточеник на својот партнер
Спасена по сигнал од 6.000 километри
Карабиниери го уапсиле Путин?
Грчки анархисти делеле храна од супермаркет

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.