Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Зонското паркирање доцни два месеца

Градот се' уште работи на дополнување на проектот со забелешките од МВР

Градските власти немаат прецизен одговор кога ќе започне имплементирањето на проектот за зонско паркирање во центарот на градот. Проектот кој требаше да обезбеди голем број нови паркинг-места и да направи поголем ред на најфреквентните улици се' уште е на доработка. По два месеца од крајниот рок, кој Градот Скопје го наведе за почеток на зонското паркирање, на терен не се случува ништо.

Според официјалното соопштение, во проектот се вградуваат забелешките од Министерството за внатрешни работи, но не се прецизира какви забелешки, ниту, пак, колку време ќе помине додека не завршат измените.

На изменување на проектот се работеше и пред два месеца, кога, исто така, се вградуваа забелешки од МВР, тогаш поврзани со казнениот билет, кој би се плаќал доколку некој избегне да купи тикет на паркингот во некоја од трите зони. Од Градот не соопштуваат ниту какви казни се предложени, ниту, пак, дали се' уште се работи на нив, или на други забелешки од МВР.

„’Градски паркинг‘ потпиша договор со фирмата ’Некст сенс’ и во наредниот период треба да се имплементираат забелешките од Министерството за внатрешни работи во главниот проект на ’Дуна компјутери’. Штом ќе се направат корекциите, проектот треба да стартува“, кратко одговараат од Градот.

Според проектот за зонско паркирање, локациите ќе бидат распределени во три зони. Ќе се плаќа за еден час паркирање, а цената што ја предлага „Градски паркинг“ е 45 денари за првата зона, 35 денари за втората и 25 денари во третата зона. На сите овие локации паркирањето по 21 часот ќе биде бесплатно. (С.Н.)

 


#
Статијата е прочитана 336 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Автобусите на „Мак-експрес“ се подготвуваат за електронска наплата
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ оствариле 30 отсто од ветеното
Се реконструира булеварот „Видое Смилевски-Бато“