Се реконструира булеварот „Видое Смилевски-Бато“
Од денеска почнува реконструкцијата на дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“. Проектот опфаќа гребење на површинскиот слој од асфалтот на средната сообраќајна лента на јужниот коловоз од булеварот, почнувајќи од булеварот „Србија“ до првата раскрсница со истоимената улица, како и булеварот „Видое Смилевски-Бато“.
Од Градот информираат дека наредните 20 дена градежните работи на булеварот ќе ги изведува „Конструктор инженеринг“ д.д. Сплит, со претставништво во Скопје. Истовремено упатуваат апел до учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставената патна сигнализација. (Сн.К.) |