Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Македонија одвојува по шест евра за секој Ром

Состојбата на Ромите во Македонија се подобрува, но се' уште треба да се работи на тоа, покажуваат резултатите од извештајот „Декадна стража за 2007“, изработен од РНВО „Рома 2002“, кој вчера беше презентиран во рамките на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 година.

Александра Бојаџиева, проект-координатор од РНВО „Рома 2002“, на вчерашната прес-конференција соопшти дека Декадата во Македонија е фокусирана на влезните елементи, како што се закони и одвоени средства од буџетот, а не се следат резултатите. Од Буџетот досега се одвоени околу 230.000 евра или по шест евра за секој Ром.

„Целната група е целата ромска популација, а приоритетни области на кои треба да се работи се вработување, домување, здравство и образование, како и темите родови прашања, човекови права и сиромаштија“, рече Бојаџиева. Таа потенцира дека Македонија со Чешка е пример за зголемена владина проактивност во воспоставување системски промени во краток период. Македонија, по Црна Гора, има спроведено најмногу реформи, има голем напредок во областа вработување додека најпроблематична област е домувањето.

Шејла Фидани, проектен асистент во „Декадна стража“, информираше дека Македонија од седмото се наоѓа на третото место поради вклучувањето на Ромите во општите јавни политики, зголеменото вработување на Ромите и подобрување на здравствените услуги за нив. (П.Р.)


Статијата е прочитана 285 пати.

Испрати коментар

Од: neprostenkov
Датум: 02.09.2008 06:22:34
Ова требаше да се случи многу,многу порано.
Од: reyep
Датум: 02.09.2008 08:41:10
kako ne ve stram vakvi layni ivormaciji da davte vo javnosta za romite vom rp makedonija izlezete so brojki i so argumenti i kayete kolku romi se vraboteni vo dryavnata administracija .zosto ne izlezete na teren i da poroverte kako romite yiveat i vo kakvi uslovi . romite patat samo od vakvite NVO koi gi potkupuva dryavata da dadat vakvi informaci gi povikuvam site romski NVO da se sprotistavuvat na ova dez informcija i ako treba da se pokrenuva i tuuyba protiv ovaa NVO
Од: Makedonka
Датум: 02.09.2008 09:51:06
Na ulica slusnav pred nekoj den edna romka kako na drugi romi im vika takvi kako vas ni go sramat gradov, znaci del od niv sfatile deka so pitanje kradenje i skitanje po ulici ne se zivee. Bravo za niv. i sramota za tie sto odbiraat da prosat a im se nudi da rabotaat. Sekoj den ke tropne nekoj na vrata da prosi i kako da im objasnis deka jas sum nevraboten diplomiran covek koj od drzavata ne dobiva ni 6 evra kako niv. Zosto pa nekoj (vo slucajov tie kako vo statijava pogore ) da se priviligirani. Nema smisla veke da se izmisluva deka nesto im e uskrateno pa treba da im se nadomesti, koga im se nudi rabota pogolemiot del od niv odbiraat da ostanat na ulica zasto taka im e polesno, so pocit kon retkite isklucoci.
Од: Кичево
Датум: 02.09.2008 12:21:02
Ромите што си се наши од МК нека си останат,а другите што беа избркани од Косово,пошто сега Косово е држава да си ги вратите таму,оти ние македонците и 6 евра не земаме од државата...не да немаме образование,туку немаме партиски книшки...оти видовме дека двете партии злоупотребуваат...а исто така да се мисли идат локални избори,а многу од нас се заколнавме во колку не ни се излезе во пресрет како на малцинствата,ние сега сме малцинство нема во општо да гласаме.Се надевам и многу обесправени Македонци кои во својата земја се направени малцинство нема повеке да гласаат за никој...Позз. до утрински

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
И со помалку родени бебиња прирастот во позитива
Цаца не се откажува од трката за врховен судија
Нискиот лет бил кобен за „цесната“
Имер Селмани ќе ја напушти ДПА и ќе формира нова партија
Познати добитниците на признанијата „Мајка Тереза“
„Иднина“ незадоволно од домовите за деца без родители
Нема наставници за велешката паралелка на албански
Решението за името ќе биде набрзо, вели американски дипломат
Владата ќе одлучува за мировните мисии
Нема директор во Агенцијата за земјоделство

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.