Број 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Цаца не се откажува од трката за врховен судија

Министерот за правда не знае која е причината за повлекувањето на Родна Живковска

Гордана Дувњак


Професорката по граѓанско право, Родна Живковска што пред неколку дена беше избрана за судија во Врховниот суд, денес нема да се појави на давањето свечена заклетва на новоизбраните судии во Судскиот совет. Само три дена по изборот, несудената врховна судијка се премисли и реши да поднесе оставка на новата функција. Писмената оставка стасала во Советот уште во петокот, од каде што засега нема одговор дали таа ќе биде разгледана уште на денешната седница, за да може да се отвори простор за објавување нов конкурс.

Ова ќе биде трето огласување на последното слободно место во највисокиот суд во државата. Дали новиот обид ќе и' донесе трета среќа на поранешната европска судијка Маргарита Цаца Николовска која, и покрај своето големо меѓународно искуство и минатиот труд во Врховниот суд, сепак, двапати не успеа да го помине филтерот на членовите на Судскиот совет. И покрај шокот од скандалозната одлука од нејзиниот неизбор, Николовска најавува дека не се откажува од трката да стане нов врховен судија.

„Ми требаше малку време да се соземам, но продолжувам натаму“, ни рече вчера во кусиот телефонски разговор екссудијката во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, каде што помина девет години.

Политичката гарнитура сака комплетно да го партизира судството, обвини судијката Маргарита Цаца-Николовска во интервју за ТВ А2 .

„Во македонското судство се случуваат многу работи, неубави работи. Најпрво, не одлучува Врховниот суд, туку Судскиот совет за тоа дали јас ќе бидам избрана или не. Судскиот совет и министерот неколку пати во јавноста изнесоа свои видувања дека јас треба да бидам во редот на Врховниот суд, не поради мојата индивидуа, туку како некој што порано бил дел од Врховниот суд и како некој што поминал девет и пол години во Судот за човекови права во Стразбур, изјави Цаца.

Министерот за правда, Михајло Маневски, пак, вчера по се' погласните критики упатени на изборот и начинот на кој се заземаат судските функции, изјави дека судството не е партизирано. Тоа што Цаца-Николовска повторно извиси и испадна од трката за врховен судија, според министерот, не значело дека судството е длабоко партизирано.

„Од еден случај да се влече заклучок дека станува збор за партизација на судството, мислам дека не е основано“, изјави Маневски. Тој истотото го тврдеше и кога адвокатот Јован Вангеловски во мај стана врховен судија. Но, и покрај тоа што токму министерот за правда по првиот неизбор и' советуваше на Николовска повторно да се јави на конкурсот, беше избрана професорката Родна Живковска. „Која е причината за повлекувањето на Родна Живковска мислам дека би било добро да ја прашате неа. Јас немам информации зошто таа го направи тој чин“, рече Маневски.

Официјалните причини за оставката на Живковска се дека тоа го прави од семејни причини, но неофицијално се говори дека главниот мотив се неисполнетите ветувања. Наводно, од високи партиски извори во владејачката ВМРО-ДПМНЕ на Живковска и' било ветено местото претседател на Врховниот суд. Но, и покрај тоа што конкурсот за избор на последниот врховен судија беше во тек, Судскиот совет побрза со изборот на претседател. Со тоа и' беше скратена можноста Живковска да биде еден од противкандидатите на адвокатот Јово Вангеловски, (кум на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски), кој важеше за главен фаворит за ова место. Ова не е прв пример за повлекување професорски кадар поради незадоволени претседателски амбиции во судството. Во октомври 2006 година, по изборот на уставен судија, оставка поднесе и професорот Миодраг Мицајков, наводно, од лични причини.

 


Статијата е прочитана 639 пати.

Испрати коментар

Од: Vasko.K.Bitola
Датум: 02.09.2008 08:44:35
Dali nekoj se sekjava kako gospogjata Margarita Caca so brzina na svetlinata gi pomina site sudski instanci vo Makedonija i stigna do Strazburg? Dali toa bese rezultat na nezinata bezgranicna nadarenost za pravo i pravdina kako i nepartiska naklonetost ili mozebi deckite od "Bihacka" zaprzile nekoja mangja. Amante bre gospoda dosta so taa Caca!
Од: Rage
Датум: 02.09.2008 11:33:00
Brank ne se otkazuva Caca da vleze vo Vrhoven sud, toa e vistinskiot naslov.
Од: kole
Датум: 02.09.2008 12:05:22
Актуелната власт ќе најде решение... има некое адвокатче од Адвокатската улица во Скопје...
Од: vesna
Датум: 02.09.2008 14:05:56
Е што е многу многу е. Ни срам ни образ. Па доста Ви е госпоѓо Цаца - Николовска. Не можам да ја оценувам вашата стручност бидејки не сум правник, а и немам право на тоа, меѓутоа дозволете и некој друг да ја покаже и докаже својата стручност, енергичност и способност. А добар дел на вашиот метеорски успех се должи и на звучното презиме.
Од: ljupco,bitola
Датум: 02.09.2008 15:17:51
Neka se kandidira za fudbalski sudija, sigurno ke ja izberat
Од: Nikola
Датум: 02.09.2008 16:12:03
Za komentatorite: Vrska nemate, a ste se raspisale. Caca ne ja predlozi SDSM, tuku medju pravnicite se odlucija na tri kandidata. medju niv bese i Frckovski. Po izvrseni razgovori vo Strasburg, ja izbraa Caca. Ova ne se funkcii za parada, pa sekomu treba da mu pomine redot vo paradata, tuku ova e dolznost kade se odlucuva za covecki sudbini. Vo interes na site nas e da bidat sto postrucni.
Од: dime
Датум: 02.09.2008 16:15:46
se naucila na fotelja karieristka nozete ce gi iskrsi da dojde do tamu a samo kolku nevraboteni poravnici vo skopje ima.......nekom i sakom i kapom a drug nema leb da jade toa e mak........

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
И со помалку родени бебиња прирастот во позитива
Нискиот лет бил кобен за „цесната“
Имер Селмани ќе ја напушти ДПА и ќе формира нова партија
Македонија одвојува по шест евра за секој Ром
Познати добитниците на признанијата „Мајка Тереза“
„Иднина“ незадоволно од домовите за деца без родители
Нема наставници за велешката паралелка на албански
Решението за името ќе биде набрзо, вели американски дипломат
Владата ќе одлучува за мировните мисии
Нема директор во Агенцијата за земјоделство