Имер Селмани ќе ја напушти ДПА и ќе формира нова партија
Во ДПА немале најави дека Селмани ќе формирал нова партија
Светлана Унковска
Прашање на денови е кога и официјално ќе биде обелоденета одлуката на дел од членството и раководството на ДПА за нивно заминување од партијата и формирање нова, велат високи партиски извори. За ова, како што се тврди, најмногу придонел „диктаторскиот однос и апсолутизмот на лидерот на партијата, Мендух Тачи, како и на тоталитаристичкиот врв околу него“, а чашата на трпението била прелеана по последната седница на Централното претседателство на партијата, на која се расправало за неуспехот на партијата на последните парламентарни избори.
Наместо да се прифатат забелешките и сугестиите од членството, Тачи цело време вината за изборниот дебакл ја лоцирал во скопскиот разгранок, а со тоа и одговорноста за поразот ја префрлил врз потпретседателот Имер Селмани, кој беше носител на листата во Првата изборна единица. Ако постојат концепциски разлики во однос на водењето политика и огромни несогласувања, тогаш најдобро е да си заминете, велат извори од партијата кои инсистираа да останат анонимни.
Барањето одговорност за поразот кај сите, само не кај најодговорните, немањето визија за излез од сегашната состојба во партијата, примена на насилство, како и последните партиски одлуки кои ги носеле само одредена групација околу Тачи биле само дел од причините поради кои незадоволството во ДПА пораснало до степен на целосна разединетост. Во партијата немало воопшто атмосфера да се промени ваквиот начин на раководење со партијата и, како што велат нашите извори, голем дел од незадоволното членство веќе почнало и отворено да реагира. На Централното претседателство говореа четворица-петмина луѓе кои отворено реагираа за нарушениот углед на партијата и дека нешто треба драматично да се смени, велат изворите.
Портпаролот на партијата, Ветон Ибраими, вчера не сакаше да ги коментира ваквите информации. Тој само кусо одговори дека „во ДПА немале најави дека Селмани ќе формирал нова партија“. Но, извори блиски до потпретседателот на партијата тврдат дека спротивниот табор сега сака да ги прикрие реалните состојби и да прикаже дека не постои никаква внатрепартиска разединетост. Со таква цел бил и предлогот прес-конференцијата по седницата на Централното претседателство да ја води Селмани за на тој начин да ��е прикаже дека, сепак, не постојат никакви кавги и дека партијата има единство.
Но, откако деновиве и јавно се проговори за несогласувањата меѓу лидерот Тачи и потпретседателот Селмани, за кој неофицијално се тврдеше дека трае уште од почетокот на годинава, меѓу членството завладеала голема нервоза. Се тврди и дека во последно време се' поинтензивно биле вршени притисоци и закани за да се откријат „предавниците“ и на некој начин да се премислат, со цел да го изолираат Селмани како единствена личност што е за отцепување од партијата. Затоа се' уште во голема тајност се држат имињата кои веќе се решени да ја напуштат партијата на Тачи, но се додава дека Селмани како предводник на оваа групација ќе повлече значителен број од членството, и тоа не само голем дел од скопското крило, од каде што има целосна поддршка, туку во новата партија што ќе ја формира ќе се одлее и значителен дел од кумановскиот разгранок.
Имер Селмани е еден од ретките политичари (не само албански политичари) во кои имам доверба и кој навистина вреди.
Од: Albanec
Датум: 02.09.2008 03:32:08
Selmani trebase mnogu porano da pomine od DPA, lugjeto od DPA nema sto da barat podole ili pogore od Tetovo, duri i tamu veke ne gi sakat. So Taci ne moze de se sorabotuva, misli covekot e seznajko a znaeme koj e , sto e i zosto ja formira DPA. Taci mnogu im dolzi na Albancite, koga togas ke mu se vrati so bumerang, kratko trae ovoj kus zivot. No! So formiranje nova partia Selmani nisto nema da napravi, i taka veke gi ima mnogu. Podobro bi mu bilo da se pridruzi kon nekoja od segasnite partii.
Од: pero stojanovski
Датум: 02.09.2008 10:57:16
Taka e Selmani, sega e vreme za da napravis partija i - op, pak da se grebes kaj dpmne i dui. Se kladam deka potoa ke glasas za vlasta vo Sobranieto. Vlast e vlast neli? Podobro tamu otkolku vo opozicija. Zdruzi se so Elenovski vo Sojuz na obozavatelite na vlasta i foteljite.
Од: me:)
Датум: 02.09.2008 12:22:58
ovoj poteg go cekav da go napravi od poodamna, covekot si e mnogu fin i pameten,bas takov covek im e potreben na ovdesnite albanci!Poddrzete go naj masovno, stvarno vredi!!!
Од: Bisou
Датум: 02.09.2008 12:52:34
dali ovoj selmani e istiot toj koj na 1 juli setase so kalasnikov nis saraj?isto g.... novo pakovanje.cao
Од: iskren
Датум: 02.09.2008 15:22:41
Iskreno, zal mi e za covekot, ce se upropasti. Ako celta mu e ko na Laze Elenovski i Zivko Jankulovski, Zoran Krstevski i slicnite, da my se ulizuva na liceto N.G. togas neka mu e so sreca...takvi luge ne i trebaat na DPA, nitu na bilo koja druga partija.
P.S. nekoj rece " mnogu fin covek...takov im treba na ovdesnite albanic"...ili podobro da kazam takov im treba na 'ovdesnite makedonci'.