Познати добитниците на признанијата „Мајка Тереза“
Јордан Плевнеш, проф. д-р Трајан Гоцевски и албанскиот амбасадор во Македонија Владимир Прела се добитници на почесните признанија „Мајка Тереза“ за 2008 година. Признанијата свечено ќе им ги врачи министерката за култура Елизабета Канчевска - Милевска на манифестација што ќе се одржи во МАНУ на 5 септември, денот кога се одбележува и упокојувањето на големата хуманистка. Организатор на манифестацијата во МАНУ е граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. (Сн.К.) |