Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Нема наставници за велешката паралелка на албански

ВЕЛЕС - На првиот училиштен час во новата паралелка во велешката гимназија „Кочо Рацин“, во која прв пат годинава треба да се изведува настава на албански јазик, вчера дојдоа 28 ученици. Но, нема предметни наставници на албански јазик.

Досега во гимназијата се примени само двајца наставници кои ќе предаваат на албански. Конкурс за професори нема да биде распишан, а новите ќе бидат примени со договор на дело. Досега од пријавените кандидати условите ги исполниле само двајца. Тие на учениците ќе им предаваат математика, физика и албански јазик, а за другите предмети нема соодветен кадар.

„Останува да се реализира договорот што го постигна Министерството за образование и локалната самоуправа. Во следниот период ќе бидат примени нови професори, но само ако имаат завршено високо образование за предметите што ќе се изучуваат според наставната програма“, вели Стефанка Богоевска, директорка на гимназијата.

Дел од родителите реагираат зошто во новата паралелка нема наставници, а други сметаат дека проблемите ќе се решат со текот на времето.

„Сакам моето дете да учи на албански. Ако тоа не е можно во оваа гимназија, детето ќе го отпишам и ќе го запишам во некоја друга“, истакнува Самит Белуров. (С.Ќ.Н.)


Статијата е прочитана 148 пати.

Испрати коментар

Од: trajko
Датум: 02.09.2008 11:49:48
od imeto na roditeolt se gleda deka e torbes,mak nagolemo se albanizira i odi kon propast kade vo ev za 28 ucenika organizirat nastava?vo germanija 6mil turci toa go nemat a vo francija 10mil arapi toa go nemat golem sram za mak ili ednostavno nacija bez nacionalna svest pa rasfrluva se sto ce pobarat kako mak da ja dobile na komar ...toa odi kon propast na mak.....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
И со помалку родени бебиња прирастот во позитива
Цаца не се откажува од трката за врховен судија
Нискиот лет бил кобен за „цесната“
Имер Селмани ќе ја напушти ДПА и ќе формира нова партија
Македонија одвојува по шест евра за секој Ром
По��нати добитниците на признанијата „Мајка Тереза“
„Иднина“ незадоволно од домовите за деца без родители
Решението за името ќе биде набрзо, вели американски дипломат
Владата ќе одлучува за мировните мисии
Нема директор во Агенцијата за земјоделство

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.