Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

И со помалку родени бебиња прирастот во позитива

Прирастот е плус 774, но се родиле 8,9 отсто помалку бебиња и умреле 3,4 отсто помалку луѓе од лани

Маја Томиќ


Во Македонија подолг период е загрижувачка демографската слика, затоа што се раѓаат помалку деца, а се' повеќе луѓе умираат. Сепак, од почетокот на годинава состојбите со наталитетот како да почнаа да покажуваат знаци на подобрување, иако се' уште е рано да се прогнозира дека крајот на годинава ќе заврши онака како што започна, со позитивен прираст. И последните статистички податоци регистрираа позитивен прираст на населението во вториот квартал од годинава за 774, односно за толку е поголема бројката на родени бебиња за разлика од умрените лица.

Но, позитивниот прираст не е затоа што се родиле повеќе бебиња, туку затоа што за разлика од минатата година умираат помалку луѓе. Таа ситуација трае од почетокот на годината. Инаку, во вториот квартал од 2008 г. се родиле 5.361 дете, што е помалку за 8,9 отсто во споредба со истиот период минатата година. Бројката на лицата што умреле, пак, во првиот квартал изнесува 5.366 и таа е 3,4 проценти помала од истиот период лани. И сега, во вториот квартал, бројот на умрените е 4.587 и тоа е 3,2 процента помалку во споредба со вториот квартал од 2007 година.

Наталитетот почна да покажува знаци на подобрување уште во првиот квартал од годинава, кога прирастот изнесуваше плус 217 лица, наспроти негативниот прираст од минус 93 во првите месеци од 2007 година. Во почетните месеци од годинава бројот на родени деца е зголемен за 2,2 отсто во споредба со првиот квартал на 2007 година и е 5.583 деца.

Инаку, во 2004 г. статистиката има забележано најнизок прираст на населението во последните 60 години. Таа година во Македонија се родиле 23.361 бебе, додека пред 40-ина години во просек годишно се раѓале по 45.000 бебиња.

Според демографите, наталитетот на годишно ниво во изминатите години се одржува на бројката од околу 22.000 лица, но не поради тоа што генерално расте прирастот, туку затоа што тој во мал број општини постојано се зголемува за сметка на неговото драстично опаѓање во голем број општини. Општини со висок природен прираст традиционално се Тетово, Чаир, Куманово, Сарај, Студеничани, Липково, Желино, Арачиново, Боговиње и Струга. Додека со најнизок прираст се големите општини, како што се: Карпош, Центар, Битола, Валандово, Гевгелија, Демир Хисар, Демир Капија, Кочани, Богданци и други.

Единстве��ата популациона политика во земјава е донесена уште пред 20 години, иако и таа никогаш не заживеа во практика. Она што најмногу може да придонесе за стопирање на падот на наталитетот, со што се согласуваат и демографите и социолозите, е економскиот развој, кој ќе го зголеми стандардот на живеење кај младата популација.

Според последните податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗ), во 2006 година најчеста причина за смрт кај населението биле болестите на циркулаторниот систем, односно срцевите и мозочните болести. Во таа година од мозочни удари починале 3.290 лица. Според РЗЗ, во 2005 година, пак, 10.756 лица починале од болести на циркулаторниот систем, а се регистрирани 3.212 случаи на смрт од малигни заболувања.

До почетокот на оваа година смртноста во земјава растеше. Виница е прва во државава според смртноста од циркулаторни заболувања, а Свети Николе и Струмица според смртноста од малигни заболувања, додека Берово е трето според општиот морталитет.

Според последните резултати од проектот „Само здрави граѓани градат здраво општество“, кој го спроведоа неколку невладини организации, населението во Источниот регион има најголеми здравствени проблеми.

 


Статијата е прочитана 356 пати.

Испрати коментар

Од: evropa
Датум: 02.09.2008 10:50:02
znaci pomalku se rodile a starite povece ziveat no kade se masovnoto iseluvanje?na aerodrom petrovec vrie od ludje koi zaminuvat za svet mnogu povece otkolku pred 10-15godini dali mak moze da opstane ako toa prodolzi?kako ce opstani ako se iselat samo uste 1/2 milon ludje?moze li mak da opstane so 1/2milion makedonci?dali od 1990g navamu se odviva proces na odumiranje na mak?neli toa pokazuva deka nesme sposobni za drzava?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Цаца не се откажува од трката за врховен судија
Нискиот лет бил кобен за „цесната“
Имер Селмани ќе ја напушти ДПА и ќе формира нова партија
Македонија одвојува по шест евра за секој Ром
Познати добитниците на признанијата „Мајка Тереза“
„Иднина“ незадоволно од домовите за деца без родители
Нема наставници за велешката паралелка на албански
Решението за името ќе биде набрзо, вели американски дипломат
Владата ќе одлучува за мировните мисии
Нема директор во Агенцијата за земјоделство

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.