Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

ДУИ и Османи во лов на иселенички гласови

Партијата на власт и гостиварскиот градоначалник се сретнаа со повратниците во ист ден

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Редовните парламентарни избори се в година, вонредни не се закажани, но тоа не е пречка за разгорување на политичката битка меѓу албанските политички субјекти во гостиварскиот регион. Активистите на политичките партии постојано се на терен, лобираат, а секоја партија со своја тактика и стратегија се бори за повеќе гласови на своето конто.

Демократската унија за интеграција и гостиварскиот градоначалник Руфи Османи го искористија доаѓањето на неколку илјади работници, привремено вработени во странство, за да ги информираат за своите активности, да ја добијат нивната поддршка на избори, но и да побараат финансиски да ја помогнат нивната кампања. Останува нејасно зошто средбите на ДУИ и на Руфи Османи се одржаа во ист ден, со неколку часа разлика. Публиката беше речиси иста.

„Наша програмска определба е постојано да бидеме со избирачите, да ги информираме за нашите активности, постигања и планови, но и да ги слу��неме нивните забелешки, со цел да го подобриме нашето работење“, вели Невзат Бејта, потпретседател на ДУИ и претседател на гостиварскиот разгранок. Според него, средбите биле масовно посетени, а граѓаните позитивно ја оцениле работата на ДУИ, која како партија на власт, постигнала завидни резултати во подобрување на статусот на Албанците во државата и нивната застапеност во институциите и претпријатијата. Највисокото партиско раководство предводено од претседателот Али Ахмети, министри и заменици-министри, директори на јавни претпријатија, реализираа средби во горнополошките села: Чегране, Форино, Дебреше, Врапчиште, Неготино.

Дали засилените партиски активности имаат врска со предвремени парламентарни избори? Бејта тврди дека тоа се шпекулации, бидејќи избори не се закажани. „Средбите се редовни и зацртани во Програмата за дејствување на партијата. Секогаш кога доаѓаат привремено вработените во странство, разговараме со нив на јавен собир за нашите планови. Од нив очекуваме сугестии, но и критики“, додаде Бејта. Тој е категоричен дека зголемената активност на ДУИ нема врска со офанзивата на гостиварскиот градоначалник. „Не се плашиме од формирањето нов политички субјект во албанскиот кампус, што подолго време го најавува Руфи Османи“, рече Невзат Бејта.

Градоначалникот на Гостивар и' порачува на ДУИ да не се грижи затоа што ќе формира партија, туку да се плаши од народот што им довери мандат за да ги застапува интересите на Албанците. „Тие не остварија ништо од ветувањата. Уште полошо, ДУИ е доведена во многу инфериорна положба во релацијата со македонскиот партнер. Во текот на нивното владеење, многу процеси за кои Албанците сметаа дека се унапредени, се вратија назад. Албанската партија која ќе дојде на власт, тие процеси ќе треба да ги врати повторно на шини“, објаснува Османи.

На средбите со повратниците тимот на Руфи Османи укажал дека не го бараат нивниот глас за наредните избори, како награда за досега сработеното, бидејќи тоа го сметаат за нивна обврска. Османи од граѓаните побарал благослов за формирање партија.

„ДУИ е сериозна политичка партија, а тоа го потврди во десетгодишното постоење. Не постои никаков страв од партијата што многупати ја најавува Османи, но никако не ја формира“, констатира Невзат Бејта. Тој додава дека рејтингот на ДУИ во горнополошкиот регион е во пораст.


#
Статијата е прочитана 558 пати.

Испрати коментар

Од: do rufi osmani
Датум: 25.01.2011 12:24:45
gospodine osmani narodot ne e nepismen,nie zname shto dui napravi za nas albancite se sekvate kade bevme nie albancite pred 10god i kade sme sega toa e dui,a ti ne si sposoben da vodish eden grad a kamoli albancite.
Од: iskren.se
Датум: 26.01.2011 04:43:18
pozdrav do gospodinot rufi osmani. Pocituvani Albanci bidete blagodarni na gospod sto ve nagradil da imate vakov lider.

Најди! во Утрински
Македонија
РЕК ги менува директорите?
Сите се сомневаат, никој не води истрага за посвојувањата
Попова Шапка во вистински сјај
Тутунарите пак ќе протестираат
Реакција од Tруд и социјала за бањите
Нови 17 случаи на грип во Скопје
Струмица пуст остров за инвестиции