Нови 17 случаи на грип во Скопје
Во Скопје се регистрирани нови 17 лица со симптоми на грип. Од нив двајца се прегледани на Инфективната клиника, со што моментално во оваа здравствена установа се лекуваат четири лица од грип, од кои еден е на интензивна нега и е приклучен на апарати за дишење, а двајца се на кислородна поддршка. На Клиниката за детски болести, амбулантски се прегледани 14 лица, хоспитализирано едно дете и вкупно болнички се лекуваат 14 деца. Во новата градска општа болница „8 септември“ амбулантски е прегледано едно лице и истото е задржано на лекување, а вкупно се хоспитализирани две лица.
Во државата досега се регистрирани 4.120 случаи со симптоми на грип, од кои 4 се со свински грип, додека 32 се позитивни на типот Б. Најголем број од нив се регистрирани во Скопје-892, Кавадарци-529, Битола-573, Куманово-462, Тетово-290, додека се уште нема пријавено случаи во Неготино, Берово, Виница, Пехчево, Крушево, Македонски Брод и Гостивар. Најмногу заболуваат деца од 0 до 4 години, по што следува возрасна група од 5 до 14 години, а помалку заболуваат лица од 15 до 64 и најмалку над 65 годишна возраст.
Комисијата за пандемски грип оценува дека ситуацијата не е загрижувачка, но по��тои можност за зголемување на бројот на заболени. Oпшти превентивни мерки се засилен санитарно-хигиенски надзор во училиштата и градинките, како и навремено јавување и консултација со матичен лекар. Вакцинацијата е единствена превентивна мерка за спречување на грип. (Ј.Ј.) |