|
|
|
|
|
|
Тутунарите пак ќе протестираат
ПРИЛЕП - Нови протести најавуваат пелагониските тутунари. Тие се незадоволни и од откупните цени, и од тоа што не им се откупуваат сите произведени количества тутун. Производителите се закануваат дека повторно ќе го изразат револтот поради игнорантскиот однос на откупните фирми, Владата и Министерството за земјоделство.
„Со исклучок на ’Тутунски комбинат’, сите други фирми го откупуваат тутунот по просечна цена од 100 денари за килограм, или двојно помалку од цената на која инсистираме - 192 денари. Оваа цена се постигна за минатогодишната реколта, а беше со 40 проценти помал квалитет во однос на годинешната. Не можеме повеќе да ги смируваме тутунарите. Тие инсистираат да ги продолжиме протестите, бидејќи на терен не е исполнето ниту едно од барањата доставени до Владата и до Министерството за земјоделство“, изјави Сашо Јорданоски, член на Штрајкувачкиот одбор на пелагониските тутунари.
Според Јорданоски, единствено прилепскиот „Тутунски комбинат“ врши откуп по реални цени и води сметка за маката на тутунарите. Сите други откупувачи ги манипулираат тутунарите и си поигруваат со нивниот труд, настојувајќи да го откупат родот за м��лку пари“, реагираат прилепските производители.
Протестите, според најавите, ќе се одржат во сите региони каде што има масовен број тутунопроизводители. (Мн.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 623 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: pirgan |
Датум: 25.01.2011 13:32:02 |
|
Kako ne mu e sram,da mu se skine i subvencijata od 60 denari oti ne se blagodarni. |
|
|
|
|
|
|
Од: ace |
Датум: 25.01.2011 20:26:44 |
|
se cudev zosto vo vremeto na branko i SDSM makedonija bese smesna
e sega mi e jasno deka branko i SDSM ne bile za vodaci na drzava tuku za organiziranje CIRKUZIJADA
|
|
|
|
|
|
|
Од: Andrijana Petkovska |
Датум: 25.01.2011 21:30:22 |
|
Svedoci sme na stabilno vladeewe na aktuelnata vladina koalicija. R. Makedonija, poslednite ~etiri godini odi po nagorna linija. Ako tutunot e eden od retkite proizvodi, kade dr`avata ima odlu~uva~ka uloga, Ministerstvoto za zemjodelstvo, [umarstvo i vodostopanstvo sekoga[ e vo funkcija na interesite na zemjodelecot, im dade bezrezervna poddr[ka na barawata na tutunoproizvoditelite. Vpro~em, golemata nepravda [to be[e napravena godini nanazad, ovaa Vlada ja koristi sekoja mo`nost, 30 000 tutunarski semejstva da si go dobijat zaslu`enoto mesto vo zemjodelstvoto i stopanstvoto. Za taa cel, taa e vo ~esta komunikacija vo tekot na celata godina so legalnite pretstavnici na Sojuzot na zdru`enieto na tutunoproizvoditelite, duri i blagovremeno zapo~na so aktite za izmena na Zakonot za vr[ewe na otkup. Ovoj Zakon dava mo`nost vo dovolna mera da se doiska`at, a pritoa otkupuva~ite da vr[at realna procenka.
Se pra[uvate: “ Zo[to dojde do seriozni nedorazbirawa pome\u partneri
( tutunoproi |
|
|
|
|
|
|
|
|