Реакција од Tруд и социјала за бањите
Министерството за труд и социјална политика најостро реагира по повод вчерашниот напис во вашиот весник. И покрај нашата вчерашна реакција дека услугата, бањско климатска рекреација на корисници на пензија, единствено се користи доколку корисникот ги исполнува критериумите, „Утрински весник“ повторно наведува дека „одењето на бања имало врска со политиката“, или се оди на бања преку „врски“. Паушални се заклучоците во коментарот дека од 80.000 корисници на пензија, можело да се издвојат 2000 со подобро здравје, од причини што не сите корисници на пензија поднеле барање за користење на услугата. Користењето на услугата е единствено можна по извршено рангирање , а не по „избор“. Најостро демантираме и негираме дека „врските и политиката“ се критериум. Ниту биле ниту ќе бидат тие критериум за упатување на пензионерите на бањско-климатска рекреација. |