Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Вацлав Хавел режира филм во кој главна улога има неговата сопруга

Експретседателот на Чешка, Вацлав Хавел, во јули ќе почне со снимање на долгометражниот филмот „Заминување“, со што првпат на 73-годишна возраст ќе се испроба во улогата на режисер. Интересно е дека главната женска улога во интимната драма, која Хавел ја режира, според негова истоимена театарска претстава, која првпат беше прикажана во мај во 2008 година, ќе ја игра неговата сопруга Дагмар.

„Јас потекнувам од делумно филмско семејство, мојот вујко е еден од основачите на чехословачката кинематографија и нашето семејство ја изгради палатата ’Луцерна‘, каде беше првото прашко кино“, вели Хавел и признава дека под влијание на семејството од мал имал желба да биде режисер, но политичките околности го спречиле во тоа.

Сега Хавел, кој е драмски писател и познат дисидент од времето на студената војна, ги ужива пензионерските денови и со полна сила се впушта во нови уметнички искуства.

„По долго двоумење ќе му се посветам на филмот дури сега, како што се вели, на крајот на мојата јавна кариера. Всушност, би сакал првпат во животот сам да ја интерпретирам својата драмска материја. Јас за филмот имам прилично точна слика, ја сакам работата, имам добри соработници и одлични актери. Сакам своето релативно неискуство да го претворам во позитива и се надевам така полесно ќе избегнам разни клишеа и конвенции“, зборува Хавел за својата нова уметничка ролја.

Филмот „Заминување“, чија тема е тешката разделба со моќта, својата премиера на големото платно ќе ја има на пролет идната година.


#
Статијата е прочитана 241 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Денови на Европски филм во Кинотека
Премиера на монодрамата „Сребрена свадба“
Промоции и трибини на фестивалот ПАКТ
Рецитал на Краповски и на Шкариќ во КИЦ
Почна трагањето по делата што ги украдоа нацистите во 1930-тите години
Прво одбележување на Светскиот ден на хармониката