Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Прво одбележување на Светскиот ден на хармониката

Од минатата година од страна на Светската унија на хармоникашите - членка на УНЕСКО, 6 мај е прогласен за Светски ден на хармониката. Причината за овој ден да биде прогласен за Ден на хармониката е датумот на кој пред 181 година прв пат е патентиран инструментот хармоника. И оваа година кон празнувањето на овој датум и активностите што ги имаат хармоникашите од целиот свет, а координирани од Светската унија на хармоникашите, се приклучи македонското Здружение „Љубители на класичната музика“ од Скопје со организирање на Свечен концерт во Даут-пашин амам, со почеток во 20 часот. На концертот ќе настапат ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје од класата на професорката Зорица Каракутовска, добитници на голем број престижни награди во земјата и странство.

Професорката Каракутовска е претседател на македонското Здружение на хармоникашите и член на Музичкиот комитет на Светската унија на хармоникашите. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 200 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Денови на Европски филм во Кинотека
Вацлав Хавел режира филм во кој главна улога има неговата сопруга
Премиера на монодрамата „Сребрена свадба“
Промоции и трибини на фестивалот ПАКТ
Рецитал на Краповски и на Шкариќ во КИЦ
Почна трагањето по делата што ги украдоа нацистите во 1930-тите години