Денови на Европски филм во Кинотека
Во Кинотеката на Македонија до 9 мај ќе се одржат Деновите на Европски филм.
Циклусот е поддржан од страна на канцеларијата на Европската унија, а свечено манифестацијата ја отвори филмот „Јас Дон Џовани“, кој беше прикажан со македонски и англиски титли.
На циклусот премиерно ќе се прикажат три играни филма, а организаторите очекуваат да пристигнат и претставници на екипата што го реализираше грчкиот филм „Платоновата академија“.
Денеска на програмата се проекциите на: „Филм“ (Чешка, Македонија, 2007 год., 84 мин.), во режија на Иво Трајков во 17 часот; „Дете на војната“ (Германија, Словенија, 2006 мин., 103 мин.), во режија на Кристијан Вагнер, во 19 часот и „Батори“ (Словачка, Велика Британија, Унгарија, 2008 год., 141 мин., ДВД), режија на Јурај Јакубишко, во 21 часот. (К.Р.) |