Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Откриена цивилизација стара 20.000 години во Тајван

Цивилизацијата најверојатно била од луѓе со темна кожа

ТАЈПЕЈ - Истражувачи во Тајван ја пронајдоа, како што се верува, најстарата цивилизација на островот, која датира уште од пред 20 илјади години, и му припаѓала на пигмејски народ ,кој дошол од Кина, југоисточна Азија, или подалеку, изјави вчера лидерот на тимот. Претставници од државната академија „Синика“, која пронајде повеќе од 200 камени алатки на локацијата, пештерата Ба Хсеин, каде што се извршуваа ископувањата, на источниот брег на островот, ќе се вратат следната година за да најдат индиции за тоа кој живеел тука, изјави лидерот Тсанг Ченхуа.

Цивилизацијата најверојатно била од луѓе со темна кожа, слични на негритос, термин што опфаќа неколку етнички групи со мал раст во изолирани делови од југоисточна Азија, открива Тсанг. И понатаму останува мистерија нивното точно потекло и миграцијата во Азија. „Добро прашање е од каде потекнуваат тие. Ние предложивме да се наречат негритос, меѓутоа, се' уште не најдовме човечки череп“, вели Тсанг. „Мора повторно да се вратиме за да откриеме дали тие се од Кина или од Индокинескиот Полуостров“. Тајванските негритос, чиј број едно време изнесувал 90.000, кои сега се исчезнати, најверојатно пристигнале до Тајван од Мадагаскар, преку островите на југоисточна Азија, посочуваат некои научници. Други, пак, веруваат дека тие дошле од Кина, 160 километри оддалеченост низ Тајванската Теснина. Денес етничките Кинези се расно мнозинство во Тајван. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 674 пати.

Испрати коментар

Од: Stojko
Датум: 25.07.2009 09:30:26
Toa se anticki Makedonci. Sega ke vidite koga Pasko ke otkopa edno dve-tri vakvi...ne so zlato, so slonova kost ke gi otkrijat..

Најди! во Утрински
Свет
Случајот со Бугарија и со Романија - „поука за Европа“
Хеликоптерско бегство од белгиски затвор
Обама е лут поради апсење црн професор
Холандија и' врати на Гана морбидна реликвија
Политичари и неколку рабини се уапсени од ФБИ
Редок вистински херој од војните во Југославија
Големо невреме беснееше низ Средна Европа