Случајот со Бугарија и со Романија - „поука за Европа“
Европската унија има проблем со Бугарија и со Романија оти ги прими со политичка одлука, без исполнети услови за членство, смета весникот „Келнер штат анцајгер“. Весникот „Ди пресе“ од Виена зборува за избрзан прием на Романија и на Бугарија во ЕУ во 2007 година и констатира:
„Тие не беа и ни до денес не се зрели за прием. Со политички мотивираното вклучување тие загубија многу од мотивацијата да воспостават контрола врз раширената корупција и организираниот криминал. Најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на тие земји го прави тоа повеќе од јасно. Брисел и натаму ќе штеди кај средствата за поддршка на двете земји. Ќе биде запрен развојот на Бугарија и на Романија, оти тие фактички уште не се вклопуваат во системот на Унијата. Со нивниот премногу амбициозен стремеж да влезат во ЕУ, значи, тие се казнија сами себе. Зачленувањето не се исплатеше за ниедна страна - ниту за двете земји, кои со помош на ЕУ, всушност, сакаа колку што може побрзо да му се приклучат на Западот, ниту за партнерите од Европската унија, кои со тоа сакаа да обезбедат нивните претпријатија да можат да прават зделки во Романија и во Бугарија без многу ризик. Конечно, не се исплатеше ниту за целиот регион, чии земји сега западнаа во немилост како можни кандидати за прием“, заклучува „Ди пресе“.
„Келнер штат анцајгер“ нагласува дека ЕУ знаеше во што се впушта со приемот на Бугарија и на Романија, во кои има многу корупција и организиран криминал, а правната држава само ограничено функционира, па коментира:
„Тоа беше, пред се', политичко решение: по големото проширување кон исток во 2004 година, требаше да се стабилизира и југоисточното крило на Европа. Оттогаш има мониторинг за Бугарија и за Романија. Брисел бара реформи. Двете земји треба да покажат дека енергично постапуваат против домашните негативности. Но, досега се покажа дек�� токму тоа не го прават.
Европа треба да извлече поука од тоа. Веќе не треба да има прием, ако кај новиот член не се исполнети сите предуслови. Разумно е што ЕУ работи за своето проширување. Еден ден во неа треба да влезат земјите од Западен Балкан и Турција, но, дури тогаш, како и навистина ќе бидат подготвени“, категоричен е „Келнер штат анцајгер“. (Дојче веле)
И Виена нешто ке каже..Па најголемата мафија е во Виена,кој кого го лаже..Бугарите,ни руминците не може на мало прсте да им дојдат на масоните и мафијашите од целиот свет се во Виена..Сите заговори,сета мака на Македонија и цел Балкан се случува во Виена..Австријците се најлош и најпоган народ од цела Европа..Срамота...а па вие гордејте се...Гледајте ние да влеземе,без промена на името и се што оди во чеиз уз името во ЕУ....Мафијата од Беч нека продолжи да си меле...нека е остави и Македонија на мир....сите заговори за Македонија и порано и сега се таму случени,и се што ни се случува е од Виена..Нека превземе некој нешто против Австрија да не управува со Македонија и цел Балкан...Срамота.
Од: Realen
Датум: 25.07.2009 10:51:02
Istoto mislenje go imam i jas.Eu pogresi so priemot na Romanija i Bugarija,mislam deka pogresi i so priemot na drugite bivsi komunisticki zemji.Trebase samo da im dade nekoi povlastici za sorabotka so EU,a ne da gi primat.E sega se postavuva prasanje za priemot na MKD,i drugite balkanski drzavi??Jas licno koga bi imal mok ne bi gi primil sega,zatoa sto momentalno vo tie drzavi vladee korupcija,koja se vrsi vo mafijaski stil.Koga ke stanat pravni drzavi,go iskorenat kriminalitetot,mafijata,koga bi go zgloelmile standardot na site gragani zaedno,bez razlika na koja nacionalnost pripaga,togas bi razmisluval dali da gi primam vo EU.Sega za sega ,samo neka sonuvaat,...A ti Makedonija,raboti vo fabrikava,vo Viena,i ne go vadi oglavot of glavata koj ti go stavile makedonskite nacionalisti...teraj go do krajot na zivotot,taka ke si umres miren i zadovolen vo tvoite megalomanski idei i sonovi..
Од: katus stip
Датум: 26.07.2009 09:25:53
ajde bre luge imalo korupcija i mafija epa ajde neka kazat kade nema ajde da ideme do italija kade vo nekoj delovi drzavata nema kontrola ni 1% istoto e i vo cela zapadna evropa evropskata unija samo ke go osiromasi narodot se sto ni trebase dobivme toa bese ukunuvanje na vizite za drugo ne treba brzanje oni ke ne molat zosto oni imaat koris ako e se vo red a ne nija i bug i rom
ako se odi po evropa ke ja napravat drzavata kako zatvor so tie nivni zakoni
Од: Jone
Датум: 26.07.2009 15:13:31
ne bidete naivni ,otvoretegi ocite samo malku i ke vidite mnogu .
Neto so turcija bugarija i Romanija Kramalj go imaat kako na dlanka brisan prostor i konecno so toa rusija e zaobikolena so nato clenki izolirana i nabiena vo sibirskata pustina poradi ovaa strategija sekoja drzava od balkanot ke bide primena vo nato i EU Gledate sega zosto e primena Bugarija i Rimanija Ne bidete naivni kako nasite politicari i da ne ve cudi kako idni clenki vo nato da bideme prisileni ruskiot pretsedatel da go sporedime so Sadam Husein so Severnokorejskiot pretsedatel ili so Hitler i slicni niski udari sto gi koristi Nato liderite