Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Обама е лут поради апсење црн професор

Полицијата во САД има долга историја на несразмерен однос кон Афроамерикaнците, рече претседателот

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека полицијата од Кембриџ се понела „глупаво“ кога го уапси Црнецот Хенри Луис Гејтс, еминентен професор на Харвард, пред неговата куќа. Директорот на институтот за африканска и афроамерикански студии на Харвард е уапсен минатата недела пред неговиот дом откако една жена повикала полиција и навела дека двајца Црнци, професорот и неговиот возач, се обидуваат да влезат внатре. Станува збор за област претежно населена со белци. Професорот им ги дал личните документи за полицијата, по што бил уапсен.

Обама изјави дека полицијата во САД има долга историја на поинаков, несразмерен однос кон Афроамериканците и Латиноамериканците. „Не ги знам сите детали, но мислам дека е в ред да истакнам, како прво, дека секој од нас би бил многу лут. Второ, полицијата од Кембриџ се однесуваше глупаво бидејќи уапси некого, а имаа доказ дека се наоѓа во неговата куќа“. Обвиненијата подоцна беа повлечени, а полицијата од Кембриџ го нарече апсењето „несреќно“ , а случајот „за жалење“.

Професорот Гејтс изјави дека бил запрепастен поради апсењето и полицаецот кој му ги стави лисиците на рацете го нарече „никаквец“. Полицаецот одби да се извини поради погрешното апсење. За време на конфронтацијата Гејтс коментирал: „Ова е тоа што им се случува на Црнците во Америка“. Адвокатот на професорот објасни дека Гејтс само што се вратил од патување и по доаѓањето дома со возачот открил дека предната врата му била заглавена, па морал да провали внатре. Кога пристигнала полицијата, тие двајца биле во куќата.


Статијата е прочитана 649 пати.

Испрати коментар

Од: A .T. AUSTRALIJA
Датум: 26.07.2009 05:14:55
Pretsedatelov na amerika Barak Obama se isjasni deka krvta voda ne biduva ,i se borit za svoite nacionalni koreni .Abre vie makedonski narode dali nekoj ce svati deka treba ,od lugeto sto se vo vladata dali treba da razgovaraat za svojot identitet za svoite koreni jazik kultura i sve sto e MAKEDONSKO .Razgovor so nasite sosedi e za sve ova e predavstvo i ne treba nikakvi pregovoti ,svestetese ednas za sekogas ,stavete kraj na tova so grcija i nivnite prijateli.

Најди! во Утрински
Свет
Случајот со Бугарија и со Романија - „поука за Европа“
Хеликоптерско бегство од белгиски затвор
Холандија и' врати на Гана морбидна реликвија
Политичари и неколку рабини се уапсени од ФБИ
Редок вистински херој од војните во Југославија
Големо невреме беснееше низ Средна Европа
Откриена цивилизација стара 20.000 години во Тајван