Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Хеликоптерско бегство од белгиски затвор

БРИСЕЛ - Тројца затвореници побегнаа од белгиски затвор во драматично бегство со киднапиран хеликоптер. Меѓу нив е и ограбувачот на банки, Ашраф Секаки, кој избега од друг затвор пред пет години, се наведува во информациите. Официјалните лица посочуваат дека хеликоптерот слетал во затворот во близина на Бриж, ги собрал затворениците и ги оставил на 20 километри оддалеченост, во близина на главен автопат. Тие последен пат биле видени како се упатуваат кон брегот во украден црн „мерцедес“ откако ограбиле бензинска станица.

Секаки (26) се опишува како еден од најопасните криминалци во земјата. Нему му се изречени повеќе од 16 пресуди, вклучувајќи една за киднапирање. Хеликоптери беа користени во голем број дрски бегства од затвор во минатото. Во 2007 година Белгиецот Нордин Баналал избега од затвор надвор од Брисел откако вооружени лица со хеликоптер влегоа во него. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 420 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Случајот со Бугарија и со Романија - „поука за Европа“
Обама е лут поради апсење црн професор
Холандија и' врати на Гана морбидна реликвија
Политичари и неколку рабини се уапсени од ФБИ
Редок вистински херој од војните во Југославија
Големо невреме беснееше низ Средна Европа
Откриена цивилизација стара 20.000 години во Тајван