Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Холандија и' врати на Гана морбидна реликвија

Главата на кралот Баду Бонсу Втори беше чувана во Холандскиот музеј цели 170 години

ХАГ - Холандски официјални лица и' ја вратија на Гана главата на кралот кој беше егзекутиран од колонизаторите во 1830 година. Племенски старешини ја предводеа церемонијата во Хаг за предавање на главата на Баду Бонсу Втори, чувана во формалдехид во Холандскиот музеј цели 170 години. Кралот, кој беше лидер на групата Аханта, се верува дека бил обезглавен како одмазда за убиствата на двајца холандски емисари. Некои веруваат дека кралот не може да почива во мир се' додека неговата глава не биде вратена. Неколку традиционални лидери на Гана, вклучувајќи и потомок на кралот, одржаа емотивен ритуал за време на предавањето во холандското министерство за надворешни работи.

Новинската агенција АФП соопшти дека тие истурале алкохол на подот во салата за состаноци додека го повикувале духот на поглаварот. „Ова е поради неправдата нанесена на нашиот народ што нашиот голем крал, кој се бореше за својот народ, беше убиен“, вели Нана Квекве Дарко Трети, кој ја предводеше церемонијата. Во соопштението на холандското министерство за надворешни работи се наведува дека кралот Бонсу во 1838 година убил двајца холандски официјални лица и бил „предаден од сопствениот народ“ на колонизаторите.

Артур Јапин, холандски автор кој го истражувал животот на кралот Бонсу, вели дека главата била донесена во Холандија, најверојатно по грешка, кратко време по неговото убиство. Од холандски генерал било побарано да донесе „глави“ од Гана за да бидат проучувани од познатиот френолог, научник кој верувал дека карактерот на едно лице може да се одреди според формата на черепот. „Тој наверојатно мислел само на скици на различни типови луѓе, меѓутоа, генералот го сфатил буквално и ја зел главата, ја ставил во формалдехид и ја качил на брод“, вели Јапин за програмата „Фокус“ на Африка на Би-Би-Си. За време на патувањето кон дома генералот починал и тој, исто така, бил зачуван во фермалдехид. По враќањето на експедицијата главата на кралот Бонсу му била предадена на универзитетскиот медицински центар „Лиден“ каде што досега се наоѓаше.

Откако во 2008 година ја дозна локацијата на главата, Гана поднесе барање за нејзино враќање, наведувајќи дека ако остане непогребана, кралот би бил нецелосен и поради тоа „прогонет во задгробниот живот“. Традиционалните лидери вчера требаше да се вратат во Гана заедно со главата. (Би-Би-Си) 


Статијата е прочитана 432 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Случајот со Бугарија и со Романија - „поука за Европа“
Хеликоптерско бегство од белгиски затвор
Обама е лут поради апсење црн професор
Политичари и неколку рабини се уапсени од ФБИ
Редок вистински херој од војните во Југославија
Големо невреме беснееше низ Средна Европа
Откриена цивилизација стара 20.000 години во Тајван