Големо невреме беснееше низ Средна Европа
Најмалку осум лица го изгубија животот, а повеќе од 50 лица се повредени во силното невреме
Силно невреме во четвртокот вечерта беснееше низ делови на Средна Европа, при што загинаа најмалку осум лица, во Полска – седум лица. Бурата во Полска беше најсилна во Долна Шлезија, но и во централниот дел од земјата. Речиси сите загинати во Полска настрадале од откорнати дрвја поради силниот ветер. Има околу 50 повредени. Невреме синоќа имаше и во северна и во западна Чешка. Според чешката телевизија, од откорнато дрво загинала една 75-годишна жена. Поради силниот ветар и дожд и паднатите дрвја на шините или оштетените електрични линии во прекин се повеќе железнички линии. Во многу градови се предизвикани штети на куќите.
И во Германија вчера попладнето и ноќта дојде до силно невреме. Во покраините Баварија, Баден Виртемберг, Мекленбург, Предна Померанија, Северна Рајна Вестфалија и Бранденбург откорнати дрвја паднале врз автомобили или куќи и блокирале патишта и железнички пруги. Пожарникарите биле во постојана акција за празнење на полните подруми, а во повеќе градови се поплавени и улиците. Во Северна Рајна Вестфалија и во Баден Виртемберг имало повеќе случаи на пожар предизвикан од удар на гром. (Дојче веле) |