Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter
Скопје

Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“

Панорамата е предвидена со последната усвоена урбанистичка верзија за центарот на градот

Деспина Трајковска


Педесетметарско панорамско тркало ќе се гради во срцето на Скопје за да може да се врши панорамско разгл��дување на градот. Како атракција, функционално здание или, пак, сосема нелогично решение, ова е една од најновите градби предвидена со последната верзија на ДУП „Мал ринг“. Планот завчера доби зелено светло од Советот на Центар, кој, практично, урбанистички го исцртува владиниот проект „Скопје 2014“. Со новата верзија на ДУП, која не беше поддржана од советничката група на СДСМ, се даде виза и за оспоруваната барокна катна гаража, триумфалната капија, подземните паркинзи од левата страна на Вардар...И тоа, наспроти се' уште актуелните негативни реакции од граѓаните, од Асоцијацијата на архитекти, но и од „Телеком“, Комерцијална банка и МПЦ.

Тркалото, очигледно, како дел од проектот „Скопје 2014“,предвидено е да се изгради во зелениот појас што ќе се простира покрај кејот на десниот брег на Вардар, меѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“. Ова, всушност, е новина зацртана во последната верзија на ДУП „Мал ринг“, со која, практично, се бришат претходно планираните седум споменици и спомен-обележја на тој потег.

Кој и кога ќе го гради панорамското тркало и дали можеби во тој реон ќе никнуваат и други градби, со оглед дека во градежниот реон има значително празен простор, од Центар вчера не одговорија. Но, затоа веќе е јасно оти Општината остана глува на основаните реакции во јавната анкета за „Мал ринг“. Не прифати ниту една од 56 забелешки. Меѓу нив, освен оние што се однесуваат на триумфалната капија, со барање да не се гради оти не соодветствува во просторот и што е најважно, се наоѓа на излезот на подземниот коридор, општинарите ги отфрлија и забелешките на „Телеком“ и на Комерцијална банка, како и на МПЦ. И двете компании реагирале дека дел од градбите од „Скопје 2014“ ќе им го нарушат функционирањето, додека црковните власти, пак, забележале дека за верниците не е обезбеден директен надземен пристап до црквата „Свети Димитрија“.

Во случајов, Советот на Центар „ја исправи“ грешката единствено пред уставните судии, кои летово го поништија предметниот ДУП. Сега го донесоа планот во редовна постапка, но се докажа дека таа била чисто формална, за што обвинија и од советничката група на СДСМ. Координаторот Јован Тагасовски посочи дека не била земена предвид речиси ниту една од 56 забелешки изнесени на јавната анкета за планот, кој за експресно време мина и низ редовна постапка, што не е случај со други ДУП-ови. Тагасовски повтори оти СДСМ смета дека „Мал ринг“ е визиониран партиски, а не урбанистички, за што доказ биле и неприфатените реакции од „Телеком“ и од Комерцијална банка, кои забележале дека дел од градбите ќе им го нарушат системот за работа.

„Комерцијална банка може да се соочи да го прекрши Законот за банки доколку се изгради подземниот паркинг, кој зафаќа дел од трезорот, со што банката ќе има сериозен проблем во трезорското работење. Со проблеми би се соочил и „Телеком“ поради двете катни гаражи предвидени во негова близина. Недозволиво е што не се земени предвид и забелешките на стручната јавност против триумфалната порта, која е предвидена на трасата на подземниот коридор, точно на местото на кое сообраќајницата излегува на ниво на терен“, посочи Тагасовски.

За неговата советничка група е недозволиво и тоа што планот го негира речиси целото зелено во Паркот „Жена-борец“ под што е предвидено да се гради голем подземен паркинг.

Од „Телеком“ потврдуваат дека доставиле забелешки за ДУП „Мал ринг“, но поради новонастаната ситуација, допрва ќе одлучуваат дали и како ќе реагираат. Во случај на изградба на барокната катна гаража и таа кај МЕПСО, компанијата би се соочила со нарушување на безбедноста и на виталноста во функционирањето.

„На местото на предвидените градби има вкопана цистерна за гориво за потребите на компанијата, а таму се сместени и сите телекомуникациски системи што се од витално значење за државата. Истовремено сметаме дека новите градби би ги попречиле и пристапите до дирекцијата“, ги објаснуваат своите забелешки од „Телеком“.


#
Статијата е прочитана 1843 пати.

Испрати коментар

Од: масонка
Датум: 08.10.2010 13:40:59
А, да. Требаше да се изгради панорамско тркало. Голем пропуст ќе беше. Вака невестата е полична за мажење, одма ќе ја вдуете. Браво бре Грујо, како ти текнуваат вакви работи, само мозок си.
Од: aleksandar makedonski
Датум: 08.10.2010 13:49:37
navistina treba da se zapazat site raboti okolu gradenjeto na objekti vo proketot skopje 2014,dali se funkcionalni i potrebni,a za panoramskoto trkalo bi rekol deka ke bide super kako atrakcija,zatoa sto vo 2000 godina vo london bese pusteno vo upotreba LONDON EYE,edno prekrasno zdanie kade vrie od turisti i ima neverojatna gletka na gradot.mi se cini od site objetki ova panoramsko trkalo ke bide poln pogodok!mozebi mala kopija na londonskoto oko,ama ete i nie ke imame nesto interesno:)
Од: :-)
Датум: 08.10.2010 14:54:23
Baš me interesira, što ušte ke izmislat, za da bide Skopje najlično na svet! Do "Alexandar Makedonski": od toa panoramsko trkalo mnogu ubavo navistina ke se gleda sé! Cela Makedonija. Samo neznam, golem Alexanderu, dali sé što ke vidiš i ke ti se bendisa!
Од: exorcist
Датум: 08.10.2010 15:51:45
Pa i ne e kazano na sega od sdsm.. bidejki se tie vo koalicija so dpmne javno mu davaat idei sto treba uste da se napravi za da se doisperat i doiskradat budjeskite pari.
Од: valdez
Датум: 08.10.2010 16:28:39
Jas sum za Gajda da postavime na plostadot, za da mozime da se tazime. Sekoj sto ke pomine da duvne vo nea. Iskreno da kazam me bendisuva haosot. kikikikikikikik
Од: Go sakam Skopje
Датум: 08.10.2010 20:21:57
Sé imame, uste "panoramsko trkalo" ni fali. So ovoa, so "pojadokot na mostot", " Skopje 2014 i vid na komentatori kako "Aleksabdar Makedonski", pokazavme i dokazavme koe nivo na kultura i vkus imame vo Mk;od narodot -do drzavnicite! Uste sto li glupost ke im tekne na nasive planeri, za sto pobrgu da go izgrdat gradov, ruglo, kako da pravat planing za"socijalisticki naptprevar" po grdokja?!
Од: Дони
Датум: 09.10.2010 00:45:25
Навистина е жално кога се уништуваат зелените површини во центарот на градот за да се стави бетон и асфалт. Доколку добро разбрав дека со изградбата на подземните гаражи под паркот Жена-борец ќе се оштети зеленилото, тоа е недозволиво. Ако е така, истото ќе се случи и со зеленилото зад Собранието каде исто така е предвидена подземна гаража. Центарот е премногу загаден и би требало да се размислува како да се подобри ситуацијата, а не да се влоши.
Од: sebastian
Датум: 09.10.2010 01:08:33
само длабоко исфрустриран народ, без никаква самодоверба и почит кон своето може да се согласи со овој циркус кој ни го сервираат овие од власта ... па кој македонец може да се идентификува себеси со панорамско тркало во центарот на градот или со триумфална порта? ... или „видела жабата како го потковуваат коњот, па и таа ја дигнала ногата“... навистина сметав дека сме попаметни и поскромни, ама не било така... барем сега на површина излегоа сите наши потиснати фрустрации и редно е да сфатиме какви сме навистина ...

Најди! во Утрински
Скопје
Ќе поскапува такси-превозот
Луна-паркот нема да остане без панорама
Нема посигурен радијатор од ќебето
Во употреба надземниот премин на Бит-пазар
Се чистат одводните канали
Есенска генералка на парковите






Hungarian ultra-nationalist missionaries fail in Transylvania
Slovenia still blocking Croatia's progress towards EU
Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads