Се чистат одводните канали
Општина Гази Баба во соработка со „Водостопанство Скопско Поле“ деновиве ги чисти најкритичните места на секундарните канали на својата територија. Се отстрануваат лисја и ситни гранки, поради што има слаб протек на каналите. Реализација на активностите ја следат општински стручни служби. Зафатите се дел од целокупната работа што ја има ставено општина Гази Баба во годишниот договор со „Водостопанство Скопско Поле“ за одржување на општинската одводна каналска мрежа. (Сн.К.)
|