Есенска генералка на парковите
Општина Гази Баба во наредните неколку дена заедно со вработените од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе започне акција за есенско расчистување. Планирани се активности за кастрење на сувите гранки од дрвата, а ќе се сечат и сувите стебла. Акцијата ќе трае до крајот на неделава, а планираните зафати ќе се реализираат доколку временските услови го дозволуваат тоа. (Сн.К.) |