„Топлификација“ чека температурата да паѓа под 12 степени три дена едноподруго, па да пушти греење
Снежана Калабакова
Студените радијатори и ниските температури веќе им создаваат непријатности на граѓаните, а „Топлификација“ уште не почнува да грее. До официјалниот старт на грејната сезона има уште цела недела и само драстичен пад на температурите може да ги поколеба фирмите за снабдување да почнат да работат предвреме. Тие строго се придржуваат до зацртаното правило да стартуваат со греење само ако три дена последователно во 21 часот температурите паднат под 12 Целзиусови степени.
Граѓаните коментираат дека милион закони се променија, а голем дел и се кршат, но никој не може да ги смени правилата на „Топлификација“, од кои нема отстапки со години. Токму затоа скопјани ќе мрзнат и во наредниве три дена, па ако и тогаш не се исполни бараниот услов, ќе мрзнат и за празникот.
Во студените домови луѓето почнаа топло да се облекуваат, а кога седат пред телевизор во вечерните часови, одамна посегаат по ќебиња. Некои вклучуваат греалки и дополнително арчат струја. Се чини, „Топлификација“ не ја интересираат редовните корисници, кои иако и' се лојални и не се откажуваат од нејзините услуги, за возврат не добиваат ништо, за разлика од некои компании што им нудат разни бонуси или награди, со цел да ги задржат.
„Можеме порано да стартуваме со греење, но нема да отстапуваме од правилото три дена едноподруго да се измерат под 12 степени. Досега немаше такви температури, па ќе чекаме во наредниве денови. Ако се создадат услови, ќе почнеме да грееме“, вели Методија Стојчев, директор на „Снабдување Запад“.
И од Управата за хидрометеоролошки работи ни потврдија дека изминативе три дена немало пониски температури од 12 степени. Во понеделникот биле измерени 15, во вторникот 14 и во средата 13 степени. Но, велат, најавениот северен ветер и опаѓањето на утринските температури сигурно ќе условат и пониски вечерни температури.
Мора под итно да се менува нешто во однесувањето на топлификација и на регулаторната комисија која мора да се стави во заштита на интересите на граѓаните а не да ја штити и така монополската позиција на топлификација. Како прво мора да се измени периодот во кој топлификација испорачува топлотна енергија. 21 часот не е ни од далеку доволно. На огромен број граѓани многу им е попотребно радијаторите да им се топли до 22-23 часот а не во 5 часот наутро. Кој станува во 5-6 за да оди на работа, никој. Тоа е некои рецидиви останати од комунизмот. Во сите соседни земји греењето завршува во 22 часот. Во Хрватска дури топлификација им гарантира дека температурата во становите преку ноќта нема да падне под 20 степени.
И така наплатата се пресметува по калориметри, така да навистина е надвор од секоја логика монополот да несака да продаде повеќе и да наплати повеќе, односно да рабори подолг.
Мислам дека е крајно време ретулаторната комисија да промени нешто во правилата.
Од: Тони
Датум: 08.10.2010 15:36:39
Срамота за компанија која ништо не прави да излезе во пресрет на граѓаните во овие студени денови, кои за тоа редовно си ги подмируваат сметките. Да не зборуваме за високите сметки кои паушално ги плаќаме овие месеци за да во наредните сметки направат корекција. Тоа значи дека граѓаните ја кредитираат компанијата однапред за да истата потоа ги корегира во наредните сметки, а за возврат добиваат студени радијатори. Зошто не ги мерат температурите наутро кога се знае дека секогаш се пониски од вечерните? Време е некој да ги измени со години старите правила за грејната сезона и мерењето на надворешната температура. Климата во Скопје е занчително променета годините наназад и грејната сезона треба да почне од 1 октомври и да трае до 1 мај. По потреба да се продолжува со мерење на температурите во утринските часови, а не како до сега во ноќните. Само нека се информираат во амбулантите колку дечиња се болни од студенеото време, а и доволно е да се види зголемената потрошувачка на струја.
Од: Komentator
Датум: 08.10.2010 17:14:37
A...vo Januari i Fevruari gospodata od Toplifikacija edvaj cekaat da sonce progleda od oblak i vednas tri sata najmalce nema parno...A be luge se smrznavme ovie dva dena ..decata se razboleva ..dovagaat so kivavica smrznati od skolo ...i pak doma na ladno...i ovie imaat lice da tuzat nekogo ..more nie potrosuvacite site tuzba edna da im podneseme za ova NE(greenje") samo koga e ispod nula se pusta parno i togas se iskljucuva ako sonceto dade poveke svetlina...SRAMOTA:::
Од: загрижен скопјанец
Датум: 09.10.2010 00:49:52
Споредете ги web-страниците на нашата http://toplif.com.mk/prasanja.htm и белградската http://www.beoelektrane.rs/pitanja.html или загребската http://www.hep.hr/toplinarstvo/kupci/pitanja.aspx топлификација. Најчести прашања за нашите се како да се платат сметките. Во Белград ако протече вентилот во нечиј дом топлификација го менува на своја сметка, за нашиве несакам да коментирам. Периодот на греење само кај нас е до 21 часот, за празници да не збориме.
ЗА ОВАА СИТУАЦИЈА НАЈГОЛЕМ ВИНОВНИК Е РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА. Таа ги писува правилата на игра, а тие воопчто не се во корист на граѓаните, веројатно се од времето на комунизмот. http://www.erc.org.mk/vertikal.asp?verID=16 првиот PDF-фајл. Зошто е така? Најверојатно некој од РК дебело е подмачкан инаку во изминативе години барм малку ќе се потрудеа да застанат во заштита на потрошувачите, а не во заштита на топлификација.