Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter
Скопје

Во употреба надземниот премин на Бит-пазар

Надземниот премин на Бит-пазар, иако се' уште не е официјално завршен, граѓаните веќе го користат. Тој ќе биде единствено место каде што пешаците ќе можат да минуваат за да дојдат од едната страна на пазарот до другата, бидејќи досегашниот пешачки премин се затвора со жардиниера. Таа е продолжение на постојното средишно зеленило до градскиот часовник и ќе се спои со она пред Здравствениот дом „Бит-пазар“. Планирано е во неа да се засадат дрвја и високорастечко зеленило. За да се спречи преминувањето преку жардиниерата, најверојатно, на средината ќе биде поставена и висока булеварска ограда.

Во моментов на надземниот премин се' уште се работат некои ситни градежни и занаетчиски завршни зафати. Од Општината Чаир не најавуваат свечено предавање во употреба се' додека преминот не биде комплетно завршен.

„Мораме некако да го спречиме преминувањето преку жардиниериското зеленило и затоа со градоначалникот Коце Трајановски се договоривме да има и висока ограда. Од искуство знаеме колку се преминуваше преку жардиниерите пред ’26 Јули‘ и се газеше по вегетацијата, па затоа нема да дозволиме тоа да ни се повтори“, вели Изет Меџити, градоначалникот на Чаир.

На надземниот премин веќе се монтирани лифтовите, а сега треба да се провери како функционираат и официјално технички да се предадат во употреба пред да почнат да ги користат граѓаните. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 743 пати.

Испрати коментар

Од: sase
Датум: 08.10.2010 19:57:52
Ograda MORA da se postavi zatoa sto luge so tolku nisko nivo na kultura edinstven nacin da gi prenasocite e fizicka bariera. Nazalost takvi tamu gi ima 90%. Se nadevam zardinierata ke bide dovolno visoka i preminot ke se koristi kako sto e planirano
Од: борче
Датум: 08.10.2010 20:49:10
Се сомневам дека ќе биде користен исто како надуличниот премин кај Јаја Паша Џамија и како онаа грдотијата Влајко но нас. Влае. Подобро да се применуваат подземни премини како тие кај хотел Континентал и кај ТЦ Скопјанка.
Од: Дони
Датум: 09.10.2010 01:13:53
Одлично! Надземен премин треба да се направи и во центарот кај паркот Жена-борец или кај поранешен Путник бидејќи не може безбедно да се помине улица, постојано пролетуваат коли на црвено. Каде се тука камерите?

Најди! во Утрински
Скопје
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Ќе поскапува такси-превозот
Луна-паркот нема да остане без панорама
Нема посигурен радијатор од ќебето
Се чистат одводните канали
Есенска генералка на парковите






EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper
Romanian former tennis star enters Roma controversy