Повод за мојата реакција се серијата написи со кои се прави осврт кон купувањето на АЛФА ТВ од страна на групацијата „Пинк“ на Жељко Митровиќ. Воопштено, реакциите се сведуваат на тоа дека сега ќе следела инвазија на шунд во Македонија(!?), а сега, божем, има квалитет.
Се прашувам дали живеам во некоја друга држава штом имаме различни мислења за квалитетот на нашите ТВ-програми? Или, пак, станува збор за поинакво толкување и поимање на зборот квалитет? Точно е дека АЛФА ТВ стана синоним на содржински конципирана програма, но очигледно (ќе се согласам овде со повеќето критичари), бизнисот е во прв план па квалитетот не изроди пазарен продукт.
Точно е дека ТВ Пинк има дел од емисии што не се на ниво на еден одмерен и умерен цивилизиран човек, но има и емисии што се изработени и продуцирани по највисоки стандарди. Очигледно е дека сега е во тренд да се фрла со дрвја и камења по Пинк, но ајде да си поставиме неколку прашања. Зошто Пинк ТВ е најгледана ТВ кај нас и во регионот? Зошто нивните емисии ги соборуваат рекордите на гледаност? Ако сето тоа е шунд и кич (а еден дел сигурно е), кој тогаш ја следи програмата на таа ТВ ? Одговорот е едноставен... сите ние. Кој било друг одговор е само обично лицемерие и глумење на некаков си урбан стил на живеење.
На крај, секој од нас треба да направи пресек на програмската шема на нашите ТВ-станиции и ќе видиме што е тоа што најмногу се следи. Повторно, тоа се - сапунските серии и емисиите од продукцијата Пинк (секоја чест на исклучоците... и пак Алфа ТВ).
Колкава е продуктивноста на нашите ТВ? Колку домашни серии сте гледале во последниве пет години (а да не се реприза)? Каква е и колкава креативноста на нашите ни мили уредници на ТВ-станиците? Уште ли и нашите национални концесионери во етерот ќе емитуваат програма за која немаат договор, а за уплата на авторските права и да не зборуваме. Затоа на крај, колку на некој и да му звучи контроверзно, влезот на Пинк ТВ во Македонија може да донесе само квалитет ако не содржински тогаш барем нашиве ќе научат како се продуцираат емисии што имаат висока гледаност.
Pink TV se gleda i na satelitska, a AlfaTV , mi se cini, e uceneta-daj boze da gresam, pa site da bideme zadovolni. Ako e vtorovo tocno, e togas ke leataat nekoi novi insekti i hvalopojki za nasata posvetenost kon sto-nisto, osven da ni e ziv Premierot, takov ne se ragja i slicno.
Од: rozov
Датум: 11.11.2010 13:15:24
Zatoa sto Srbite proplakaa od prostotilukot koj go sirat, pa zosto sega i kaj nas da im se dozvoli da sirat malograganstina i prostotiluk od tipot koja susa kade se sisala, koj ja stipnal za zadnik, so kogo legnala, i slicni dzabolebaroski aferi.
Од: Nato-Jato
Датум: 11.11.2010 13:19:13
A, PINK ima emisii??????
Од: Milan
Датум: 11.11.2010 13:22:58
Site ste greska, zasto tv pink ne e samo "grand produkcija" na lepa brena, tuku tv pink ima uste desetina kanali koi se specijalizirani za raznovidna programa od informativna do dokumentarna i zabavno-muzicka. zosto tv pink go vrzuvate samo so turbofolkot? zosto nikoj ne ripne veke ednas za albanskite tv programi koi makedonija postojano ja bombardiraat so sekakva nivna muzika koja ne ja razbirame, a imaat i pesni so UCK poraki za Velika Albanija a, toa e tokmu ona opasnoto za Makedonija, od turbo folkot nema nisto da ni fali. smirete gi vi se molam vasite antisrpski strasti vie koji ste protiv tv pink i vratete go pod itno na kabelskite mrezi....a, ti Utrinski ne gi krati komentarite!
Од: НЕ ТАКА БЕ ДРУЖЕ
Датум: 11.11.2010 13:36:04
НЕСАКАМ СРПСКИ ЈАЗИК НА СЕКОЕ ЌОШЕ НИЗ ПЕСНИ ИЛИ ТВ не е битно а не дали е кич или шунд. Како инаку македонска музика и било што ке опстане. Македонија е феномен негативен во непочитување на своето. Што се жалиш па баш ти. А па еве доказ ти како Србин си среќен што Македонија по музиката е клако бановина ама јас не сум. Јас сакам македонска на јавни места. А на тие што си сакаат српска дома да си пуштат а не да ми велат мене јас уши да затнам станица да сменам или етикети да ми лепат. Престанете Македонци и по музиката треба да личи на Македонија.
Од: Ванчо Орданоски
Датум: 11.11.2010 13:40:48
Да го браниш Пинк со овие аргументи е слично како да ги браниш порно-сајтовите на Интернет.
И тие се најпосетени, па не значи дека прават нешто добро.
Пинк е легло на кич, шунд и простотилак. Доволно си имаме такви овде, без да увезуваме. „Ќе сме научеле како се работи“ - фала, но не, фала.
Од: Александар Мојсовски
Датум: 11.11.2010 14:26:04
Во последните години во Македонија се прави нагла србизација особено преку медиумите, разните шуѕ емисии, концерти и куч турбо фолк културата. Србите си прават пари на македонска почва пеејќи ни на српски јазик, а ако нашите пејачи сакаат да успеат во србија се принудени да пејат на српски јазик. Колку концерти прават Србите кај нас, а колку нашите пејачи прават концерти во Србија?! Купувањето на Алфа од Пинк значи целосна србизација на Македонија и враќање во времето на Вардарска Бановина, т.е. Македонија малку по малку станува српска провинција.
Од: Игор
Датум: 11.11.2010 14:49:27
"Ако сето тоа е шунд и кич (а еден дел сигурно е), кој тогаш ја следи програмата на таа ТВ ? Одговорот е едноставен... сите ние."
Toa mozebi ste Vie no ne site NIE.
Ping e sinonim na sund i prostotilak i da ja zamenese Sitel ili nekoja druga televizija od slicen kalibar ke mi bese seedno. Za mene problem e sto tokmu Alfa, koja bese iskucok od ostanatiot sund se zamenuva so nesto vakvo.
Од: POMNI i ne zaboravaj
Датум: 11.11.2010 14:56:35
Uste eden dokaz deka drzavata ni e dlaboko "penetrirana"! Pa neli ima Zakon za radiodifuzija i kako stranci ne mozat da imaat mediumi vo Makedonija. Ako toa e nevozmozno za Makedoncite od Dijasporata "koi nemaat pasos" zosto togas da bide vozmozno za vakvi shund TV so sivi zadnini? Zarem malku mediumi rabotaat za stranski sluzbi pa treba uste edna TV da si go smeni stopanot (stranec!).
Zastita na mediumskiot prostor vo Makedonija bese edna od programskite opredelbi na POMNI, a istata ja imaat vo original i "portokalovite"...zosto dozvoluvaat da se pravi ova sto se pravi? Pa se cini se sto e loso za Makedonija se lansira preku "koalicionite partneri", a se sto ke izleze da lici dobro "sme go napravile nie od 100 te cekori"!
Subverzivnosta vo vladeenjeto protiv interesite Republika Makedonija stanuva se povidlivo. Zatoa e vreme narodot da pocne da POMNI i da ne zaborava!
Од: devicanecot
Датум: 11.11.2010 15:01:16
Ме чуди што никого не го загрижува агресивната американизација и внесување на извртени вредности кај нас, или пак агресивната хрватизација со нивните кованици и разни Северини, а им сметал ТВ Пинк.
Изгледа најмногу ги боли загубата на медиумот кој изгледа единствено го величеше најмладиот ни пензионер во оваа држава, еквилибристот Б.Ц.
Од: Cacko
Датум: 11.11.2010 15:09:06
I jas se slozuvam,kako sto veke napisaa podolu"Пинк е легло на кич, шунд и простотилак",i neznam zosto toa se servira na eden narod kako makedonskiot.Da pojdeme po red.(1)Makedonskiot narod e star preku 50000 g.i normalno ne saka sund
(2)Makedonija i makedoncite se spomenuvaat vo biblijata.Znaci samo duhovna muzika.
(3)kulturnoto nivo na makedoncite e tolku visoko sto gledanjeto na "pink' e blamaza.
(4) vo Makedonija imame iljadnici estradni umetnici,i nema potreba da gi slusame srpskite.(5)Pa i zosto se emituva "pink",i taka nikoj vo Mak. ne ja gleda.(6)Nasata Marijana e 100% podobra od Ceca.(a tek sestra i uhuuuuu!)ABRE TELINJA NEDORASNATI!!!!!SE DRUGO NI E SUPER VO DRZAVAVA,PA ETE SAMO PINK NI SMETA.SUGURNO DA NEBESE "PINK"SEKADE PO PAZARITE KE SLUSAVME KLASICNA MUZIKA,NORMALNO AKO NE BEVME VO TEATAR ILI NA BALET.HAHAHAHAHAHAAAAA!