Македонија падна за три места на листата на ФИФА, сега е 56.
Македонската фудбалска репрезентација пред саботното гостување во Шкотска во рамките на квалификациите за СП 2010 година забележа пад од три места на најновата ранг листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), и сега е 56. На овој пад му кумуваше поразот од европскиот првак Шпанија во Скопје 2:3.
На врвот на листата нема радикални промени. И натаму водечки е Бразил со 1.604 бода, а потоа следат Шпанија со 1.588 и Холандија со 1.376 бода. Четврта е Италија, која скокна за една позиција, а петта е Германија. Групата Топ-10 селекција ја формираат Русија, Англија, Аргентина, Хрватска која сега е деветта, а Франција 10.
Инаку, нашиот следен противник Шкотска забележа пад од дури шест места, па сега се наоѓа на 30. место, додека Норвешка (со која играме веднаш по Шкотска) е подобра за седум позиции и сега е 43. |