Богдановски со најголем скок
Велемајсторот Влатко Богдановски забележа најголем напредок на септемвриската рејтинг-листа на ФИДЕ од десеттемина најдобри македонски шахисти, осамнувајќи со 2416 поени, 17 повеќе во однос на јулскиот поредок. Топ десет на Македонската шаховска федерација: ВМ Владимир Георгиев 2537 (+7), ВМ Никола Митков 2525 (-1), ВМ Трајко Недев 2511 (+3), ВМ Звонко Станојоски 2492 (+9), ИМ Александар Чоловиќ 2441 (0), ИМ Дејан Стојановски 2436 (+4), ИМ Филип Панчевски 2432 (+10), ВМ Драгољуб Јаќимовиќ 2429 (+2), ИМ Орце Данчевски 2422 (+11) и ВМ Влатко Богдановски 2416 (+17). (Р.Д.) |