Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Старт со победа на Јосифоска во Брчко

Четвртата носителка Александра Јосифоска со успех го почна настапот на тенискиот фјучерс во босанскиот град Брчко, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 10.000 американски долари. Најдобрата македонска тенисерка, која неделава е 575. на ВТА-листата, на стартот славеше со 7-6 (0), 6-1 против бугарската квалификантка Јулија Стаматова. Победнички стартуваше и македонската двојка Димитар Грабулоски и Томислав Јотовски, кои на фјучерсот во бугарскиот град Добрич (земја, 10.000 долари) ја совладаа домашната комбинација Тихомир Грозданов и Димитар Петров со 6-2, 7-6 (3). Успешно тргна и Васко Здравкин заедно со Србинот Милјан Зекиќ, победувајќи ги Петар Иванов од Бугарија и Оскар Сабате-Бретос од Шпанија. Единствено Шендрит Деари и Николас Едлефсон, иако четврти носители, загубија на стартот со 6-2, 6-3 од Бугарите Динко Халачев и Петар Трендафилов. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 144 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Да се издржи шкотскиот пекол
Македонија падна за три места на листата на ФИФА, сега е 56.
Трите бода со Македонија мотив плус за клучниот меч со Холандија
Цонга и Кузнецова лесно, Сафина низ иглени уши
ФИА ја шири истрагата за Сингапур
Рафаел Надал сака да изгледа како Федерер па се потстрижи
Репрезентативките на собир в понеделник
И Димовски го почна СП со успех
Богдановски со најголем скок