Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт
И Димовски го почна СП со успех

По Мумин Вели, и Примислав Димовски почна со победа на 15. Светско првенство во бокс што се одржува во Милано од 1 до 12 септември. Димовски на стартот во супертешка категорија (над 91 кг.) го декласира Џејк Агеиду од Науру со 21:3, по рунди 3:0, 12:1 и 6:2. Следна пречка на популарниот Прим во категоријата во која се пријавени 32 натпреварувачи ќе биде Клејтон Лорент од Девствени Острови, кој го совлада Нигериецот Онориоде Евариеме со 10:8. Мечот ќе се одржи на 7 септември попладне.

Синоќа требаше да стартува и Фатлум Жута, кој во категоријата до 75 кг. за противник го имаше Бугаринот Младен Манев, а последен од четиричлената македонска репрезентација на рингот во Милано ќе се појави Димитар Ташков (91 кг.). Тој на 6 септември ќе боксува против Рамзан Ахмедов од Азербејџан.

Мумин, пак, во второто коло во категоријата до 51 кг. утре изутрина ќе се сретне со Ирецот Деклан Герахти, кој беше подобар од Манјо Планге од Гана со 12:5. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 143 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Да се издржи шкотскиот пекол
Македонија падна за три места на листата на ФИФА, сега е 56.
Трите бода со Македонија мотив плус за клучниот меч со Холандија
Цонга и Кузнецова лесно, Сафина низ иглени уши
ФИА ја шири истрагата за Сингапур
Рафаел Надал сака да изгледа како Федерер па се потстрижи
Репрезентативките на собир в понеделник
Старт со победа на Јосифоска во Брчко
Богдановски со најголем скок