Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт
Да се издржи шкотскиот пекол

Репрезентативниот состав на Мирсад Јонуз комплетен, во Охрид допатуваа Шумуликоски, Георгиевски и Новески

Миодраг Мицковиќ

Фудбалерите на Шкотска не издржаа на скопскиот пекол кога играа на температура од 40 степени и загубија со 1:0. На ред се сега репрезентативците на Македонија кои во сабота вечер ги очекува вистински фудбалски пекол, само сега малку поинаков на познатиот Хемпден парк стадионот во Глазгов. Ќе биде тоа навистина жестока пресметка меѓу Шкотска и Македонија веројатно и решавачки меч за двете репрезентации во борбата за второто место во групата и настап во баражот за учество за светското првенство идната година во Јужна Африка.

Тешко е да се каже кој е поблиску до драгоцените три бода, реми на овој меч повеќе ќе им користи на репрезентативците на Норвешка. Шкотска барем според рејтингот и досегашните настапи на светските првенства е фаворит, тука нема дилеми, но токму таа улога на фаворит на Шкотланѓаните ги охрабрува нашите фудбалери да покажат дека имаат сили, дека имаат квалитет да се носат со една од најдобрите фудбалски екипи на Островот.

„Свесни сме дека на Хемпден парк не очекува вистински фудбалски пекол, уште од првата минута бидејќи Шкотланѓаните со сите сили ќе нападнат во желба што побрзо да постигнат гол и да се здобијат со извесна предност. Нашата шанса е да ги издржиме тие први пеколни 20-тина минути, да ја сопреме офанзивата на домаќините, потоа ние ќе треба да стапиме на сцена со брзи контранапади што треба да биде нашето најсилно оружје на овој натпревар“, беа зборовите на Аце Стојков, кој е мошне брз и покрај Наумоски и Пандев треба да биде постојана опасност по голот на Шкотска.

Дури вчера селекторот Мирсад Јонуз можеше да смета на сите повикани играчи на тренинзите бидејќи допатуваа Славчо Георгиевски, Величе Шумуликоски и Николче Новески. Тие вчера имаа посебен претпладневен тренинг, додека останатите репрезентативци се одмараа, а попладнето сите заедно ги продолжија подготовките.

„Новевски го издржа тренингот не чувствува многу последици од повредата, но се' уште не можам да кажам дали ќе игра бидејќи за мечот. Со Шкотска ни се потребни здрави играчи со оглед на робусната игра на Шкотланѓаните“, вели Јонуз.

„Овој наш состав долги години игра заедно. Имаме сили и квалитет да ги оправдаме очекувањата на нашите љубители на фудбалот, верувам дека на двете средби ќе извлечеме добри резултати и конечно и ние да се радуваме и да почувствуваме барем еднаш бараж средба за настап на светското првенство. Шкотска е наша надеж, потоа ќе мислиме за средбата со Норвешка. Шкотланѓаните се силни, но не и непобедливи бидејќи и тие мораат да играат на три бода што може да биде опасно за нив со оглед дека имаме брзи играчи во нападот кои можат да постигнат барем еден гол што верувам ќе биде доволно за триумф. Ако во одбраната не направиме некоја грешка“, резонира Јонуз.

Фудбалерите на Македонија патуваат за Шкотска во четврток попладне, а истата вечер во 21.30 часот ќе имаат и прв тренинг на стадионот Хемпден парк на кој ќе се игра натпреварот во сабота кој почнува во 16 часот по наше време.


#
Статијата е прочитана 733 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија падна за три места на листата на ФИФА, сега е 56.
Трите бода со Македонија мотив плус за клучниот меч со Холандија
Цонга и Кузнецова лесно, Сафина низ иглени уши
ФИА ја шири истрагата за Сингапур
Рафаел Надал сака да изгледа како Федерер па се потстрижи
Репрезентативките на собир в понеделник
И Димовски го почна СП со успех
Старт со победа на Јосифоска во Брчко
Богдановски со најголем скок