Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Цонга и Кузнецова лесно, Сафина низ иглени уши

Првата носителка се мачеше против Австралијката Роговска, победувајќи во три сета со 6:7, 6:2 и 6:4

Вториот ден од УС-опен за малку ќе го донесеше првото големо изненадување. Русинката Динара Сафина се пласира во 2. коло по маратонскиот меч против Австралијката Оливија Роговска и тешко остварената победа од 2:1 (6:7, 6:2 и 6:4). Сафина демонстрираше несигурна, нервозна игра и ако вака продолжи, и се насмевнува брза елиминација од турнирот.

За разлика од Сафина, Светлана Кузњецова лесно ја елиминира Германката Јулија Гергес со 2:0, исто како и Каролина Вознијачки која ја врати дома непознатата тенисерка од Казакстан Галина Воскобоева. Во еден од женските дерби мечеви на денот Пети Шнидер со 2:1 ја елиминира Чехињата Лусија Сафарова. Ништо помалку возбудлив не беше ниту дуелот меѓу Сабине Лисицки и Араван Резаи кој со 2:1 го доби се' подобрата Германка. Во второто коло се пласираа и Сорана Кирстеа, Анастасија Родјонова, Татјана Гарбин, Метани Оудин, како и Алиона Бондаренко. За мало изненадување на денот се погрижи јанина Викмаер која ја исфрли Вирџинија Резано од Франција со 2:0 (6:4, 6:3). Неславен крај на УС-опен имаше и некогашната тенисерка број еден, Србинката Ана Ивановиќ која со 6:2, 3:6 и 6:7 загуби од Украинката Катарина Бондаренко, додека нејзината сонародничка Јелена Јанковиќ беше убедлива против Италијанката Роберта Винчи со 6:2 и 6:3.

Во машкиот сингл до полноќ се одиграа помалку мечеви. Французинот Жо Вилфред Цонга убедливо го совлада Американецот Џејс Бјукенен (6:0, 6:2, 6:1), додека Јарко Ниеминен од Финска имаше повеќе работа во дуелот против Италијанецот Фабио Фонјини (7:5, 7:6, 6:4). Фернандо Вердаско во дербито на денот го елиминира Бенјамин Бекер со 3:0, додека Аргентинецот Максимо Гонзалес е вистински јунак на колото затоа што загубениот меч против Чехот Карол Бек (2:6, 1:6, 6:1, 6:4, 6:3). Мало изненадување претставува елиминацијата на Русинот Андреев од анонимниот Американец Џером Витен. Во Балканското дерби 4. носител, Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада Хрватот Иван Љубичиќ со 6:3, 6:1 и 6:3. Изненадување во 1. коло направи и Шпанецот Хуан Наваро, 117. играча на светот кој го исфрли хрватскиот бомбардер Иво Карловиќ со 6:4, 7:6 (8) и 7:6 (5).

Резултати 1. коло, тенисери: Чилиќ (16) - Светинг 7:6 (2), 6:4, 7:6 (4), Ѓоковиќ (4) - Љубичиќ 6:3, 6:1, 6:3, М. Гонзалес - Бек 2:6, 1:6, 6:1, 6:4, 6:3, Витен - Андреев (29) 6:4, 6:0, 6:2, Вердаско (10) - Бекер 7:5, 6:4, 7:5, Цонга (7) - Бјукенен 6:0, 6:2, 6:1, Бердих (17) - Одесник 7:5, 6:4, 6:4, Ниеминен - Фолјини 7:5, 7:6 (6), 6:4, Бенету - Чипола 4:6, 6:1, 6:3, 6:3, Истјомин - Еванс 6:4, 6:4, 7:6 (3), Троицки (3)0 - Луцак 6:3, 6:3, 1:6, 2:6, 6:1.

Тенисерки: Мартиќ - Бремонд 6:4, 6:2, Вознијачки (9) - Воскобоева 6:4, 6:0, Сафина (1) - Роговска 6:7 (5), 6:2, 6:4, Гарбин - Сесил 6:0, 6:1, Петрова (13) - Среботник 6:3, 6:3, Лисицки (23) - Резаи 7:6 (4), 6:7 (4), 6:1, Шнидер (19) - Сафарова 4:6, 6:3, 7:6 (6), Ерани - Рус 6:0, 6:3, Кузњецова (6) - Горгес 6:3, 6:2, Пенг - Грот 6:2, 6:3, Кирстеа (24) - Морита 6:1, 6:3, Викмаер -Разано (16) 6:4, 6:3, Родјонова - Домингез 6:0, 4:6, 6:1, А. Бондаренко (30) - Кудравцева 3:6, 6:3, 6:2, Дулко - макарова 6:3, 5:7, 6:4, Оудин - Пављученкова 6:1, 6:2, Вознијачки (9) - Воскобоева 6:4, 6:0, Дубоис - Младеновиќ 6:0, 6:4, Севастова - Танасугарм 6:3, 7:5.


#
Статијата е прочитана 157 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Да се издржи шкотскиот пекол
Македонија падна за три места на листата на ФИФА, сега е 56.
Трите бода со Македонија мотив плус за клучниот меч со Холандија
ФИА ја шири истрагата за Сингапур
Рафаел Надал сака да изгледа како Федерер па се потстрижи
Репрезентативките на собир в понеделник
И Димовски го почна СП со успех
Старт со победа на Јосифоска во Брчко
Богдановски со најголем скок