Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Се подготвува ли терен за смена на првиот човек на скопска апелација?

Претседателот Јован Митриновски негира дека премиерот барал негова оставка

Гордана Дувњак

Се подготвува ли смена на првиот човек на скопска апелација, Јован Митриновски? Оваа шпекулација веќе неколку дена се врти во судските кругови, а се засили по веста дека завчеравечер Митриновски бил повик на итна средба во Кабинетот на премиерот Никола Груевски. Состанокот беше организиран истиот ден кога двајца владини министри си дадоа оставка, а министерот за финансии беше разрешен од функцијата. И покрај очекувањата дека на листата за владин отстрел ќе се најде и министерот за правда, Михајло Маневски, тоа не се случи.

Митриновски вчера во изјавата за „Утрински весник“ потврди дека бил на средба со премиерот Груевски, но негираше дека станало збор за негова оставка или, пак, за конкретни судски предмети.

„Во ниту еден момент не се спомна оставка. Со премиерот разговаравме за актуелни теми поврзани со судството, како и за планираните реформи. Ги допревме темите за немање средства, кадар, но не и за ЕВН или, пак, за други актуелни предмети, како што се зборува“, нагласува претседателот на Апелациониот суд во Скопје. Тој вели дека средбата била „чиста коинциденција“ и не е поврзана со владините оставки.

„И лани ова време имав слична работна средба со премиерот, на која разговаравме за реформите во судството, по која ми побара да му изготвам свое гледање на работите. Му подготвив информација од седум страници, во која се осврнав на проблемите во судството, потребните измени“, додава Митриневски.

Првиот човек на скопска апелација демантира и дека на средбата со премиерот присуствувал и министерот за правда.

Јавна тајна е дека раководителот на жалбениот суд подолго време е во немилост на министерот за правда, Михајло Маневски, кој повеќепати инсистирал на негово разрешување. Брачниот пар Маневски не може да му заборави на Митриновски и тоа што во неколку јавни изјави поврзани со пензионирањето на сопругата на министерот за правда укажуваше дека мора да се почитува законот. Како „заслуга“ на Маневски му се припишува и неодамнешната критика упатена на раководењет�� на Апелациониот суд, која ја искажа првиот човек на Судски совет, Васил Грчев, зборувајќи во контекст на годишната оценка на судиите од овој суд.

Апелациониот суд во Скопје е особено важен во овој период за власта, бидејќи во рацете на судиите од овој суд се повеќе битни судски процеси. Меѓу нив е и оној за ЕВН, кој предизвикува голем интерес во Брисел, но и предметите по жалба на експремиерот Владо Бучковски и поранешниот вицепремиер од владата на Љупчо Георгиевски, Васил Тупурковски. Сето ова ја подгрева атмосферата за евентуалната смена на претседателот на скопска апелација, како последна одмазда на Маневски.


#
Статијата е прочитана 525 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Градоначалникот ќе го менува името на општина Карбинци во Баргала
Пресуди за изборни измами наесен
Полошките депонии шират реа на политика
Македонија мора да се расони за ЕУ
ПОДЕМ сака да влезе во Владата