Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Македонија мора да се расони за ЕУ

Приближувањето на законодавството се одвива во добар ред, меѓутоа слаба страна на Македонија е извршување и спроведување на тие закони, беше една од забелешките на вчерашната презентација на извештајот за периодот од 1 април до 30 јуни од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ од страна на Македонскиот центар за европско образование и Фондацијата институт отворено општество.

Од извршената анализа на Центарот произлегува дилемата како македонските власти можат со сигурност да тврдат дека ќе добиеме датум за преговори кога капацитети на јавната администрација се' уште не се задоволени. Според стратегијата на Владата, потребно е да се вработат уште 5.000 нови службеници кои ќе работат на приближување до ЕУ, меѓутоа со ребалансот на буџетот, скратени се средствата за нивни обуки, кои патем се обврзувачки за државата. Истовремено, политичкиот дијалог се' уште се води надвор од институциите.

Лидија Димова, извршен директор на МЦЕО, отворено праша зошто по медиумското обелоденување конкретни случаи на економско насилство, т.е. закани за отказ на вработени во јавната администрација, МВР и Антикорупциската комисија се' уште чекаат и немаат започнато истрага. Ревизија и санкции се очекува да се донесат и за темата за финансирањето на политичките партии за време на изборната кампања.

МЦЕО го оценуваат како голем чекор напред отвореното признание на Владата за недостатоците и дискриминаторското однесување, интервенции во судството, Регулаторната комисија за енергетика и останати области изложено во писмен документ, наречен „Заклучоци за реализирање на преостанатите мерки и активности за спроведување на приоритетите од Партнерството за пристапување“. Меѓутоа, дали признанието со кое Владата сама себеси се укорува ќе доведе до реакција или, пак, ќе ја доживее судбината на секое жолто ливче-потсетник да се одлепи и да падне незабележано откако ќе се засуши лепилото од задната страна? (М.П.)


#
Статијата е прочитана 492 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Градоначалникот ќе го менува името на општина Карбинци во Баргала
Пресуди за изборни измами наесен
Се подготвува ли терен за смена на првиот човек на скопска апелација?
Полошките депонии шират реа на политика
ПОДЕМ сака да влезе во Владата