Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Полошките депонии шират реа на политика

Ниту гостиварските ниту тетовските локални власти не се во состојба да понудат излез за проблемот

Киро Кипроски
Гојко Ефтоски

ГОСТИВАР, ТЕТОВО - Депониите во полошките општини Гостивар и Тетово шират реа на политика. Како што стојат моментално работите, ниту гостиварските ниту тетовските локални власти не се во состојба да понудат излез за комуналниот проблем што не е ниту едноставен ниту лесен за решавање.

Депонијата „Русино“ е затворена, сметот е покриен, а локалното население е задоволно. Меѓутоа, за повторно активирање на гостиварското ѓубриште се потребни над 100.000 евра. Општините кои претендираат да ја користат депонијата немаат желба да инвестираат во отстранување на недостатоците и во создавање услови за употреба на депонијата.

Во Тетово, пак, е создаден вистински хаос во депонирањето на отпадот. Иако градските улици редовно се чистат од комунални отпадоци, натамошната судбина е снаоѓање. Принципот на селектирање на отпадот засега е единствената можна опција за справување со настанатата состојба. Трајно решение ќе се бара во изградба на фабрика за рециклирање отпад.

Регионалната депонија „Русино“ е мегдан за политичка пресметка на министерот Неџати Јакупи со Руфи Османи, обвини гостиварскиот градоначалник. Според Османи, министерот за екологија како шеф на Изборниот штаб на ДУИ и на кандидатот за градоначалник Невзат Бејта пател од комплексот на изгубените избори на локално ниво, а директни последици од тоа трпеле гостиварци. Османи го советува премиерот Груевски во првата владина реконструкција да го смени Јакупи и на негово место да постави компетентен министер, кој ќе може да ги разрешува проблемите од екологијата.

„Повеќегодишниот проблем со депонијата ‘Русино‘ која предизвикува хуманитарна катастрофа настојуваме да го надминеме со функционални мерки, во рамките на институциите и притоа да ја лоцираме одговорноста“, истакнува Османи. Тој го потсети министерот за животна средина дека ресорот со кој раководи не презел никакви мерки за отстранување на недостатоците што ги констатирале токму неговите инспекциски служби и тоа уште пред три години. Исто така, Ос��ани го потсетува министерот дека депонијата формално е регионална депонија, а дека не ги исполнува ни минималните технички услови за користење, бидејќи го загрозуваа здравјето на населението. Токму тоа биле причините за затворање на депонијата. Османи му порача на министерот Јакупи да не води вербална војна со градоначалникот на Гостивар, туку институционално да комуницира како со другите општини.

„Јакупи нема никакви комуникации со Општината, ниту има проект за решавање на проблемот со депонирање на сметот“, нагласи Османи, посочувајќи го министерот за виновен што неколку проекти не се реализираат во Гостивар. Меѓу нив ги спомна оние за филтер-станица, за рекомпонирање на депонијата и за дистрибуција на 100 контејнери.

Општина Гостивар за санирање на депонијата „Русино“ вложи 1.000.000 денари, со што се покри сметот. Повеќе не се шири смрдеа од отпад, а локалното население е задоволно од активностите. За повторно активирање на депонијата се потребни над 100.000 евра кои треба да ги обезбедат сите општини кои сакаат да депонираат отпад.

„Привременото затворање на депонијата е да се присили Владата институционално да ги отстранува недостатоците. Но, претходно заеднички да изнајдат трајно решение, со изградба на капацитет за обработка на смет како за Општина Гостивар, така и за Полошкиот регион“, објаснува Руфи Османи.

Локалната самоуправа и ЈКП „Тетово“ го информирале Министерството за животна средина и просторно планирање за да се обезбеди функционирање на депонијата „Русино“ врз која ресорот има право и обврска. Интерно, Министерството побарало двете општини меѓу себе да се договорат, но од тоа засега нема ништо. Надлежните органи во Тетово сметаат дека улогата и активноста на Министерството во разрешувањето на проблемот мора да биде значително поголема.

Како што информираше Нуредин Фетаи, директор на ЈКП „Тетово“, од отпадот кај дивата депонија се селектираат металите, пластиката и хартијата. Другиот органски отпад се меша со земја. Сето ова овозможува да не се трупаат големи количества ѓубре на дивата депонија во Тетово зашто комуналците дневно собираат од 70 до 100 тони смет.

Градоначалникот на Тетово, Сади Беџети, изјави дека „е преземено се' што е во моќ на локалната самоуправа“. Беџети кажа дека се договараат со Општина Јегуновце за привремено решение и депонирање на отпадот во месноста Матов Рид. Но, и тоа може да биде само привремено решение.

Според тетовскиот градоначалник, трајно решение треба да се бара во изградба на фабрика за рециклирање на отпадот. Веќе биле сондирани мислења на фирми во странство и се очекува наскоро да се почне со реализација на оваа замисла.

„Имаме понуди од неколку фирми од Австрија и од Турција. Понудите од Турција се поприфатливи. Меѓутоа, ќе распишеме меѓународен тендер и дури потоа ќе се определиме и за партнерот и за условите под кои би се градела фабрика за рециклажа. Нашите сознанија се дека изградбата на ваков објект и ставањето во функција може да заврши за релативно кусо време“, оптимист е градоначалникот на Тетово, Сади Беџети.


#
Статијата е прочитана 217 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Градоначалникот ќе го менува името на општина Карбинци во Баргала
Пресуди за изборни измами наесен
Се подготвува ли терен за смена на првиот човек на скопска апелација?
Македонија мора да се расони за ЕУ
ПОДЕМ сака да влезе во Владата