ПОДЕМ сака да влезе во Владата
Битола - ПОДЕМ, партијата на поранешниот вицепремиер за земјоделство и образование Живко Јанкуловски, сака да влезе во власта. Додека премиерот Никола Груевски ги разрешува и ги собира оставките од министрите, од ПОДЕМ тврдат дека водат преговори за партиципирање во Владата. Дали пазарењето ќе им успеа, ќе се знае најдоцна до 19 јули за кога е закажан конгресот на обединетите демократи во Велес.
„Точно е тоа дека подолго време преговараме со ВМРО-ДПМНЕ и сме во некоја завршна фаза. Доколку завршиме со она што го очекувавме со преговорите, сметам дека договорот би се потпишал во најскоро време“, потврдува Јанкуловски. (А.Б.) |