Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Градоначалникот ќе го менува името на општина Карбинци во Баргала

Првиот човек на Карбинци, Васил Богдански (десно), засега негира дека промената е негова иницијатива

Иван Бојаџиски

ШТИП - Малата општина Карбинци, која има 4.012 жители, е пред големо искушение. Наскоро граѓаните би можеле да се изјаснуваат за промена на вековното име. Предлогот е Општината да го добие името - Баргала, поради истоимениот ранохристијански град лоциран на тоа подрачје, а во кој имало континуиран живот од првиот век.

Жителите на малата општина се во голема недоумица. Тие не знаат од кого потекнал предлогот за промена на името на општината. Според упатени во приликите и состојбите во сиромашната општина, предлогот бил на актуелниот градоначалник Васил Богдански. Тој најмногу се прослави со печењето вол од илјада килограми во чест на победата на последните локални избори.

„Слушнав за таква идеја, ама таа не е од мене туку, барем како што јас дознав, тоа е предлог на група граѓани. Ако предлогот дојде во локалната власт, ќе биде поставен на разгледување пред Советот на Општината“, изјави Богдански.

Од вработени во локалната самоуправа ни беше потврдено дека предлогот е на градоначалникот, со поддршка изразена преку потписи од група членови на ВМРО-ДПМНЕ. Писмениот предлог ќе се нашол на првата наредна седница на Советот на Карбинци, која ќе се одржала во втората половина од годинава.

Во писмениот предлог од кој градоначалникот како негов идеолог засега се откажува, стоело дека е време Општината да го остави во минатото своето сегашно име, бидејќи тоа било турско и симбол на петвековното владеење на Турците во Македонија. За иницијаторите на предлогот се работело за нешто што многу порано требало да биде променето, ама сега се стекнале услови.

Сепак, во Општина Карбинци се сомневаат во успешниот исход на собраниската седница. Имено, целата оваа конструкција за промена на името овде се смета за вмровска идеја зад која се криела намерата се' што било повеќе да не биде, барем кога се работи за имиња на улици, институции, па дури и на самата општина. Неуспехот на оваа идеја се наоѓа во фактот дека во општинскиот Совет доминираат советниците од СДСМ кои се противат на ��акви решенија.

Инаку, во општината Карбинци дури 17 отсто од жителите, или околу 700 лица, се од турската етничка заедница. Станува збор за познатата етничка група јуруци кои живеат во селата високо на планината Плачковица, а дел и во подножјето.


#
Статијата е прочитана 808 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 10.07.2009 00:20:46
Еве што ти е ДПМНЕ: заслепени од новата нивна идеологија, обземени од „пасковизација“, сега пробуваат вековните имиња на населбите да ги закитат со - антички топоними! Внимавајте! Забегувањето со античи теми и дилеми е само параван зад кој власта на ДПМНЕ врши системско однародување на македонскиот народ! ДПМНЕ е во служба на српската, бугарската и грчката пропаганда! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: KBR
Датум: 10.07.2009 06:09:57
Odlicna ideja, vreme e i Demir Kapija da si go vrati svoeto vistinsko ime - PROSEK, a i site turski iminja na naseleni mesta i toponomi da si gi vratat svoite iskonski iminja.
Од: Баргала било
Датум: 10.07.2009 07:18:48
Читам ова било „вмровска идеја зад која се криела намерата се' што било повеќе да не биде“??? Па Баргала било! Уште пред 2000 години!!!
Од: daniela
Датум: 10.07.2009 08:46:52
gospodine kbr ako si ti od prosek odi i tamu zivej jas sum gorda sto sum od demir-kapija
Од: alek
Датум: 10.07.2009 08:59:14
Bas taka, tipicno za Vas, se sto e novo necini, da zivee STATUS QUOto..... Za ideja se razgovara, a ne se pluka!!!!! Moze ke bidete srekjni sepak da se promeni, ama vo Titovo Karbinci !!!!
Од: istoricar
Датум: 10.07.2009 13:46:19
procesot na odumiranje na mak prodolzuva a sto e najdobro samite slovenski toponimi koi nie samite sme gi dale nekoj da gi preinacua vo rimski a utre moze da bide i vo anticki-maked.ski t.e. grcki kako nekoj da placa nekogo da odumre mak.
Од: mk
Датум: 10.07.2009 17:47:00
da moze Karbinci -Bargala, a Stip - Astibo ... zasto da ne ....

Најди! во Утрински
Политика
Пресуди за изборни измами наесен
Се подготвува ли терен за смена на првиот човек на скопска апелација?
Полошките депонии шират реа на политика
Македонија мора да се расони за ЕУ
ПОДЕМ сака да влезе во Владата