|
|
|
|
|
|
Различни давачки за радиодифузна такса
Прашањето за провизиите повторно стана актуелно откако започна наплатата на радиодифузната такса, за која секоја банка бара различна провизија, ама сите ја наплаќаат. Таа се движи од 10 денари, па нагоре. Граѓаните реагираат и велат дека не е фер за сметка од 130 денари за радиодифузна такса да плаќаат уште плус 10 или повеќе.
„За уплатите од страна на обврзниците на радиодифузна такса не е донесена посебна тарифа. Оваа услуга се тарифира согласно со тарифникот за услугите што ги врши во платниот промет Комерцијална банка, по цена што е иста за сите уплати од физички лица што се вршат во готови пари преку интерниот клиринг во рамките на системот на банката.
Уплатата за радиодифузна такса обврзниците може да ја извршат преку кој било носител на платен промет, останатите деловни банки и оваа одлука зависи од личната волја на обврзникот. Во решенијата за наплата на радиодифузна такса издадени од УЈП, Комерцијална банка е назначена единствено како носител на платен промет, депонентна банка каде што е отворена и се води сметката за радиодифузна такса, што во никој случај не значи и не упатува дека задолжително уплатата мора да се врши преку Комерцијална банка“, велат од оваа банка. Оттаму додаваат дека определувањето на висината на надоместоците што ќе ги наплаќа банката за своите услуги е работа на нивната деловна политика. А при нивно утврдување се земаат предвид повеќе фактори, реалните трошоци за платни системи, трошок за работна сила. „Постојат различни тарифи зависно од тоа дали клиентот што го врши плаќањето има сметка во Стопанска банка или не, дали МРТВ ќе отвори сметка во банката или не и дали клиентот користи е-банкинг или не. Имено, како што знаат нашите многубројни корисници на е-банкинг сервисот, плаќањата преку оваа апликација се со значително помали провизии. За воспоставување траен налог, потребно е МРТВ да потпише договор за соработка со банката, а во тој случај пожелно е МРТВ да отвори и сметка во банката, со цел да се намалат провизиите што ќе ги плаќаат клиентите за овие месечни обврски. Банката од минатата година ја нуди можноста сите режиски трошоци да се плаќаат и на банкоматите на банката 24 часа на ден, па очекуваме интересот на компаниите што ги нудат овие услуги да порасне, вклучително и МРТВ“, објаснуваат од Стопанска банка. Оттаму додаваат дека како алтернатива е и можноста да се плаќаат обврските за радиодифузната такса на годишно ниво, со што би се избегнале повторените провизии. (С.М.) |
#
|
Статијата е прочитана 1129 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: dusko |
Датум: 23.02.2011 13:27:07 |
|
A be do koga Makedonceto ke go molzete so provizii i skrieni davacki na sekoj cekor.
Obekanja ima samo dodeka se dojde na vlast,ama i tolku deka ne ne biduva vo nieden segment na javna administracija ne sum veruval.
Ova e cudo kako sekoja najobicna rabota ja iskomplikuvame do beskraj za da moze nekoj da se molzi(mito i korupcija),da se ispumpa i posledniot denar od ovaa siromastija.
Dali ima kraj na ovaa mizerija na sekoe pole.
Najverovatno nema. |
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 23.02.2011 15:03:28 |
|
Sramota za neazurirana baza na pretplatnici!!!! KOj e vinoven...UJP ili MRTV????? Kako moze da se dostavuvaat resenija za plakanje na RDT na pocinati lica ili slepi i gluvi koi soglasno zakonot se oslobodeni od plakanje i se vodat kako neaktivni???
Sto se odnesuva do bankarskite provizii, treba drzavata veke da prezeme merki za odanocuvanje na bankite za nivnite ostvareni prihodi po osnov na kamati i provizii!!! (kako sto e primerot vo Hrvatska) |
|
|
|
|
|
|
Од: Glupost nevidena vo Evropa |
Датум: 23.02.2011 15:09:44 |
|
Sramota e za 130 denari da se donesucvaat 2 milioni resenija sekoj mesec, znaci 2 milioni listovi. Toa se trosoci bnepotrebni, treba edno resenie godisno ili gotovi uplatnici kako porano na samata MRT. Vaka vise dara nego masla. navistibna ovaa strucna podmladena administracija vece ne znae kakva uste pogolema glupost da smisli. No, slicno e i so EVN i TELEKOM i TOPLIFIKACIJA. Listovi, listovi, smetki presmetki, a kraden je kolku sakas. A kde e tuku Sojuzot na potrosacite, spie li spie, ili ne spie. Pa ne spire, tie se prodolzena raka na vlasta. |
|
|
|
|
|
|
Од: Зоран |
Датум: 23.02.2011 17:44:26 |
|
Уште еден арач за напатениот народ. Денес наместо 130 ден како што трубат на рекламите, ми наплатија 146 денари. Кој лаже тој и краде. Владата навистина решила да го ограби сопствениот народ. Срамота. |
|
|
|
|
|
|
|
|